недела, септември 03, 2006

македонски ( странски ) жаргон

Во едно интервју еден наш интелектуалец изјавува:

,, Македонија е колевка на културата.Нашите Кирил и Методи ( сесловенските просветители ) ја описмениле цела источна Европа ( и пошироко ) и извршиле огромно влијание врз развитокот на културата во светската цивилизација.Знаете Охрид е европскиот Ерусалим.

Со ова и јас се согласувам но што се случува во речиси сиот преостанат простор каде полуписмени и неписмени имаат право на медиумско внимание. Ова се нивните ( на Кирил и Методи) потомци:

Сакис usualy беше прекрасен

Тој беше cool цела ноќ.

Ова е многу stupid-но од ваша страна

Денес одам онака free на факс!?

Овој exampler- р беше земен за анкетата што ја спроведовме.

Го виде оној freack-от денес?

Не можам денес ќе ми дојде cousin- от на гости.

Што? O my GOD, не ми се верува.

Ваков trash не ми треба.

Е мој другари ( пардон господа) не сте курнази ако сте научиле понекој странски ( англиски ) збор и го пикате и кај што треба и кај што не треба.Курнази сте ако влијаете да се зачува нашиот јазик, нашиот литерарен бит, нашата јазична компонента и ја вметнувате на што попрефинет начин во текстовите , дијалозите, коментарите. Секако не како наши постари писатели кои пак пребегнуваат кон некои мутирани изрази.Вака се разбира некако нивното пак никако.Да се усовши некоја наративна техника со постојниот јазик , тоа е за пофалба. Де ако сте толку учени вметнете ЛАТИНСКИ па да ве видам. Најжални се пак тие кои ,,утепуваат,, со вакви изрази а притоа се чукаат во градите кога ќе се спонме МАКЕДОНИЈА демек патриоти де.Повторно ќе ме ,,растрите,, поради ваков пост , не за друго туку затоа што ве има во се поголем број.Затоа не го сваќајте ова како кавгаџиски фрлена ракавица, туку како добронамерен совет.

3 коментари:

Анонимен рече...

Е, нема смисла сега вака да правиш! Види јас старо магаре па се занимавам со блогот. Знам дека вицотеките и сличните глупости одат на нерви, ама не сакам туку-така да ме напуштиш. Па, јас со никој на македонскиот блог не сум разменил толку коменатри колку со тебе. :( Башка ако се откажеш од блогот, со тоа само ќе докажеш дека во земјава наша тој се користи за тинејџерски потреби.

Dule varvar рече...

Не не се откажувам во никој случај само,,мењам локал,, шо би се рекло.Инаку оние што се на блогерајов продолжувам да ги читам и да бидам присутен.Нашата комуникација продолжува.

Анонимен рече...

Ubav post! Go najdov linkov kaj Prodavniva na Tajni.
Ubavo kaza! Ne e kurnaz covek ako naucil stranski zborovi za da go valka svojot jazik...
Imaj ubav den!
I pisuvaj pak vakvi ubavi postovi!