недела, септември 03, 2006

КУЛТУРЕН НОВИНАР

Минејќи низ мојот привремен студентски финансиски банкрот ( студентите знаат дека трае до понеделник) единствен контакт сo светот и снабдување со информации го вршам преку весникот Шпиц ( фала на чиче Велија и на неговиот ,,латас,, Геро). Така денешниов ден осамна со една репортажа која се наоѓа на ,,неатрактиваните страници,, однoсно во делот за културата.Инаку еден новинар пре(в)нел една репортажа за еден скандал во Британија.Една реномирана книжевна куќа барала по 50 000 фунти за во промотивниот материјал да го стави насловот на некои издавачки куќи во топ 10 или да го претстави како бестселер.На издавачите не им пречело однапред но еве сега се покајали и се незадоволни,читателите исто, писателите исто итн...
Тоа не ми беше муабетов ( инаку кој сака може да си ја прочита репортажата, за да не бидам и јас како фудбалските блогови ,,фотокопир,,).
Муабетов ми беше дека новинарот не мора да ја преведува репортажата од некој старнски весник туку еднаш ( молам бога) барем еднаш не само тој туку и сите други да почнат да се однесуваат како новинари и да пишуваат , да истражуваат нивни стории и да пишуваат нивни статии. Пред очите на цела јавност на саемот на книгата грубо беше измалипулирана јавноста од рекламно-издавачката ( така милувам да ја викам)Матица.
1 Книгата теорија на хаосот беше изрекламирана како најдобра книга на деценијата а неа ја нема во топ 20 ни во Њујорк тајмс, ни на Амазон ни во некои други релевантни фактори.
2.Книгата ,,Убавицата и мародерот,, од Божин Павловски ( секоја шест кон писателот) беше повод за една ноторна и доста глупава лага.Книгата демек ке била преведена на 40 јазици( дај боже). Најпродаваниот писател во САД Џон гришам е преведен на 29 јазици, Патриша Корнвел мајстор на медицинските трилери е преведена на 35 јазици. Мислам дека Ден Браун ја достигна оваа бројка но не сум сигурен. Имено ова го открива и самиот писател кога во интервјуто за еден Дневемн весник невешто го одбегнува одговорот и вели дека има договор да биде преведена на англиски и европски!?, преку 9 издавачи.
Е тоа драги мои новинари од културниот блок треба да го изтражувате.Или се нарекувате новинари од културата затоа што не ви даваат да пишувате за политика?

Нема коментари: