недела, септември 03, 2006

НЕЧОВЕЧНОСТ

По мојава екскурзија во политиката ( пуста да остане) си велам ај не ја тупи, а и други ми велеа.Затоа ај да ја тупам со тоа што беше првична намена на овој блог.
Деновиве атрактивно најавено беше промовирана книгата ,,операција Амблер,, од според мене најдобриот писател на политички трилери Роберт Ладлам. Покрај вообичаените елементи ( катастрофа хартија , превод можеби не најлош но во конкуренција на најлошо преведени до сега) направена е една нечовечка грешка , бескрајно лицемерие во потрагата по шушки. Книгата се рекламира како ,,најновиот хи на Роберт Ладлам ,, човекот што е ПОКОЕН веќе 5 години. Без ни малку почит, а надевајќи се на звушноста на неговото име , книгоиздателството ,,Матица,, граби кон врвот во стил на бескрупулозните Њујоршки адвокатски куќи.( оние што одат по погреби нудејќи им милиони на ужалените ако тужат.) Ако тоа е комерцијализација на книгата и нејзина реклама ќе го цитирам ЈАНКО:
THANK YOU AND FUCK YOU

Нема коментари: