Иако знам дека за овој пост ќе бидам ( односно ќе ) невредам неколку длабоки почитувачи на македонската книжевност дојде ред да си го кажам своето. Лично мое , не мора да биде така ама јас така го перцепирам . Уште нешто не пишувам за сегашноста или иднината туку во не толку далечното минато. Наполно сум свесен дека поради опкружувањето, војните, окупаторите, геополитиката што се водела на Балканот во последните неколку века, и слични влијателни фактори македонската книжевност ( како и другите општествени гранки не се развивала во насоката , односно во исто темпо со европската( Руската, Француската ..) Значи една од најдосадните , најтешко разбирливите ( не се вадете на оригиналност) и најнеинтересните литературни дела се наоѓаат на ова парче земја. Просто е чудно како на волку мала територија може да има толку кретенски романи , а за поезијата да не драгаскам поарно, оти се обидувам да си останам на еден ЦРВЕН степен на лепо понашање.
Се мислам да дадам предлог ко креаторите на казнениот закон при идната промена , да внесат казнена одредба
... тој што ќе изврши казнено дело ххх се осудува на читање три македонски книги ( докрај ) и на ххх години затвор. ...
Се кладам дека ако при правото на жалба може да се определи само за една казна ќе бара намалување на фондот на книги.
Секако селекцијата треба да биде ,,стручно ,, извршена бидејќи има и доста квалитетни книги и писатели и не би сакал да ги генерализирам и да ги ставам во една целина. Исто така едно време бев се соживеал со фактот дека едноставно нема талентирани писатели овде.Ништо страшно BIG DIAL ШТО ВЕЛАТ СЕГА КУРНАЗИТЕ ШТО НАУЧИЛЕ ДВА ТРИ ЗБОРА СТАНСКИ ЈАЗИК,( ги вметниваат и кај что треба и кај что не ги собира) а притоа се палат на вакви текстови патриотски штитејќи си ја македонштината.Но друго сакав да кажам.Во последно време , односно сега кога со појавата на блоговите ни се достапни творештвата на помладите македонски автори , и одредени ( секако малкумина) ми се бендисаа. Иам нечто. Замислете ги тие млади и надежни писатели кога би биле поддржани и би добиле подобри услови за работа ( лап - топ, книжевни саеми и форуми, ). Ова ќе го ,,оштети,, нашиот буџет за една телефонска сметка за заменик подсекретар во агенцијата за лов и риболов.Замислете го апсурдот да се даваат пари од министерството за култура на писатели кои допрва ќе ја пишуваат книгата. Сестро ЛИБЕРИЈО ова и кај тебе го нема( инаку во либерија првиот роман е излезен 1937 кај нас една декада подоцна) .А ако писателот е академик ( демек тежи ) и му ги откупуваат и ги донираат во библиотеките. А тие се пак друга приказна.
Сега малку од поблизу.Грото односно 80% од постарите писатели пребегнуваат кон некои мутирани и неразбирливи зборови кои не постојат во македонскиот јазик:Со нив особено сакаат да се перчат на промоциите. Порано како мал кога сите гледаа цртани, а јас ги гледав седниците на собрание ( поинтересни ми беа) на вестите на МТВ даваа промоции.Мислев дека зборуваат на друг јазик а тој да ти бил нашиот , македонскиот.Нејсе... Фразите кои ги користат им се излитени и воопштени до граници на имагинација( посебно за поезијата) .Како уметничка слика.Кој како сака така си ја разбира.Романите немаат никаква колуминација , а расплетот, чекај чекај кој расплет.Расплет НЕМА! Има крај ама не и расплет.
Ова може и самите како мал експеримент.Почнете да пишувате расказ без наслов и посебно кога немате инспирација.Обидете се да составите целина , заокружен текст со ликови , тема , содржина и поента. Нели ви е полесно да отчукате:
Во бездната без дно, крај солзата на морето, во вишновите градини седи старец.
( експериментот ( мојот) успеа, ова е од ракав а и личи на македонска литература.)
Знаете за писмото на Бодлер ( чинам беше) кон сестра му. Немал време, зафатен бил и и напишал писмо од 5 страни. На крајот на писмото се извинил што напишал долго писмо затоа што НЕМАЛ ВРЕМЕ ДА НАПИШЕ ПИСМО од една страна.
Мислам дека е јасно.
За стиловите, де ве молам некој нека ми каже во кој правец се движат нашите писатели? Модерен реализам, нео романтизам , или фотелјечки академизам?
Секоја почит кон драмите ( оние трите знаете на кои мислам) кои можат добро да те раздрмаат , подлабоко да навлезат и во суштината на делото, или во битот на еден народ.
Долга тема , секојпат недовршена, но пред да го дадете својот суд за овој пост , направете споредба со развојот на литературата во другите земји.Ако дојдете до констатација дека еве и Албанија или Словачка ( секако и Бугарија) се тука некаде, не сакам тврдење дека ние сме паметен народ , америте се глупи, ние сме талентиран народ ама не можеме да се покажеме и слично...
недела, септември 03, 2006
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
Нема коментари:
Објави коментар