Дали повеќе ве интересира поморот на гренландските фоки или животот на еден провинцијален стечаец кој го школува детето.
Дали повеќе ве интересира озонската дупка над Нов зеланд или судните маки на нашите стиденти.
Дали повеќе ве интересира падот на њујоршката берза од пукањето во луѓе во строгиот ( културен и историски ) центар на градот.
Дали повеќе ве интересира сушењето на ретките кактуси во Тексас од откривањето на тајните за нашите татковци и дедовци , чичковци и вујковци, односно дали биле шпиони или борци за каузата ( да ви ја ебам каузата ).
Сето ова ( првите наведени примери) можете да ги најдете во нашите дневни весници , во нашите медиуми , во нашите магазини.
Ова второто , требаше да н(в)и биде пренесено преку алтернативните патишта за реалниот животен проток на нашите ситни млади души.Проток , затоа што тој микроскопски процеп дозволува од нас да излезе само малограѓанштината , а останатото ( ако го има) некако има суспензивна надмоќност и става вето ( ебате политиката шо ми стори ) на нашите напредни мисли.
Цицка , Гз ,пичка - и еве ви непресушна тема. Па де бре луѓе на мислење сум дека има хиперактивно покачување на дркаџиите и дека девојките ги ,,стиснале,, за некои Грци и други слични европејци.На крај краеви стави го во топла вода.
Македонија ( посебно сега ) е неисцрпна инспирација за творење , журнализам , драматични секојдневни па би рекол и срцепарачки ситуации.Наместо да се помогне, актуелизира оваа страшно невреме што не зафати , ние сме сериозно загрижени за Бритни и нејзиниот целулит.
Не барам совест.Барам човечност.
Не барам пари. Но ги бараат другите.
Не барам шанса за мене.Наполно сум свесен дека самиот треба да си ја создадам.Барам за другите, несвесните...
Не мислам да го спасувам општеството. ,,Не се обидувај,, стои на надробната плоча на еден книжевен великан.Великан кој пишувал за подолниот сталеж. За гнилоста на ова ,, демократско ,, уредување .Да се помочам на уредувањето пропратено ,, рамковно ,, со услов-слободна пазарна економија.
Не мислам да го спасувам општеството.Сакам да ви порачам дека не можете ни вие. Само ЕДЕН може.Но обидете се да си ја исчистите гнасната ви ( ми ) душа.За спокој За мир .
Не мислам да го спасувам општеството. Можеби книжевноста ( македонска).
Не мислам да го спасувам оштеството. Не заслужува.
Но мислам да го менуваме постојново. Кон создавање здрава , природна , и пред се хармонична средина за нашиот народ.
четврток, септември 07, 2006
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
6 коментари:
Грешката во креирањето на се што постои во нашето општество е тоа што луѓето немаат самодоверба, ниту, пак, имаат критериуми за нешто. Така тие ги потценуваат своите квалитети и им го отспауваат местото на лузери со бели чорапи. Извини, ама некој кога ќе ми каже дека облеката не го краси човекот - се лаже. А, бе, не може од смрдливо балканче, за кое бричењето под мишки не е хигиенска, туку педерска работа, да очекуваш дека ќе создаде некакви останати вредности. Впрочем, на ова општество му треба добро растресување, изгладнување, пост, по кој ќе размисли и ќе сфати дека нештата ќе се сменат, ако се смени секоја индивидуа. Тоа се однесува апсолутно на се: економија, политика, култура, сексуално осознавање, телевизија и т.н. А, ти, драг мој пријателе, ќе мора да се изнамачиш за да допреш до тврдата македонска глава.
Taka e Dule, promenite se neophodni.
So here I am! Fresh and clean as I could be! Поздрав!
Оваа е единствена држава во која народот е 99% е за еден вид на унијатство.Ова не е нормално, ваков соодност на умствените сили има само кај популацијата која живее во лабораторија.( лабораториски глувци)
Еден здрав ум треба да го интересираат сите работи кои ги наброи погоре во постот. Треба да избегнуваш да се ограничиш од било каков аспект, вклучително и информативно. А и ова: вестите од надвор не се само за „Бритни и нејзиниот целулит“. Напротив, од надвор доаѓаат и многу попаметни информации, само секој ги гледа оние кои му одговараат на неговите интереси и капацитет.
Објави коментар