среда, септември 20, 2006

СВЕТИ БАНКНОТИ

Една сосема немарна и наивна постапка на едно девојче е повод за моето негодување околу една доста непромислена постапка на нашиве државотворци.Ова воопшто не е некаков политички настроен пост.Ова е искажување на граѓанска згрозеност, од дела и постапки кои сите неприметно ги правиме и кои тивко провејуваат од нашите замаглени погледи и опстануваат неколку години.Добро стално се заборавам , но ете што е суштината.

Едно мило девојче кое не го знам и кое не верувам дека згрешило некому , една нетрескавична сабота се наведна и од чорапот извлече една банкнота.Сосем нормална појава кога сукњата нема џеб или ако не носи ташниче. И во друга држава не би предизвикала некој грев (своевиден) . Но не и во држава во која светците се на банкнотите.Така размислувајќи еве издвојувам неколку примери во кои некој длабок верник кој ги почитува светоста и духовноста на својата религија истовремено :

- Ги плакне рацете и притоа ги тера и своите деца по секој допир со парите ( светците ) да се измијат затоа што банкнотите се нечисти.

- Ги гужва или ги гази ако не ги види претходно

- Верник ова не би го сторил, но при кражба на пари се ставаат на секакви места низ телото и облеката

Има доста други примери кои ги гледаме но не ги разработуваме во нашите сиви келии и не го сваќаме гревот што го правиме спрема св. Архангел или Пресвета Богородица.

Не повикувам на чување на банкнотите сулудо е и просто , но секако како граѓанин сакам да го искажам моето незадоволство од ваквото решение на Народната банка и Парламентот.

4 коментари:

Емил рече...

Е, де, дете, тоа не е ништо страшно. Секако дека не е некое идеално решение, ама знаеш како е кај нас, да се пофалиме со тоа што го имаме, па макар и на пари. Туку, дај Боже да ги имаш што повеќе такви светци во паричникот, па да можеш да ги трошиш колку што сакаш!

Dule varvar рече...

Ма не е којзнае што но секако не е пријатно ако малку подлабоко се подразмисли.

Анонимен рече...

А циганка од цицки кога ги вади, или шипац од гаќи. Ќути и миј си ги рацете.
Спартак

Јане Јованов рече...

За компарација, наведете ми уште некоја замја во светот каде има таков случај на парите да се печатат светци. Дури и во пререлигиозните муслимански, будистички и христијански земји нема нешто слично. Толку ли нема кој да се најде од научно-литературните дејци да се стави, па мораме светци да ставаме?! Мацедонише цуштенде