недела, септември 03, 2006

САЛМАН РУЖДУ

Неодамна во издание на Табернакул излезе романот ,, ХАРУН И МОРЕ ПРИКАЗНИ,, од Салман Ружду. Ова е втора ( ако не се лажам ) преведена книга од овој писател, по ,,Гримус,, во издание на Утрински Весник ( едицијата де). Овој наслов кој што сеуште го немам прочитано ( кој ќе оди до Скопје, а во пустелијава нема ништо) не е главниот фактор за пишување на овој пост.А и не сум како нашиве критичари, новинари и рецензенти да пишувам за нешто што се уште не сум го прочитал, преведувајќи ги светските репортажи( не сите немојте пак да ме изругате во коментарите).
Еве како за почеток на кратко изведив нешто од неговата биографија:
Роден е 1947 година во Бомбај. Се школувал најпрво во Индија потоа на ,,Кембриџ ;; во Британија бла бла бла... Можам да ги наведам и неговите награди ама за мене тоа е апсолутно небитно. Неговите романи се
Најнов е ,,Шалмар кловнот,, од 2005 година. Владимир Цветковски одлично го претстави во еден наш дневен весник , под интересен наслов ,, Антологија на непреведен роман,,( ха , ха одлично)
,, Гримус ,, 1971
,,Деца на ноќта ,, 1981
,, Срамота ,, 1983
,,Харун и море приказни ,, 1990
и секако нај контроверсната, најдрската , книгата што предизвика експлозија во муслиманскиот свет, книгата поради која му е уценета главата од скоро сите исламистички организации во светот. ,,Сатански Сихови,,.Далеку од тоа јас да надзирам во моралниот поглед на ова негово дело , во неговата суштина или пак во оправданоста да се распламтуваат нечии страсти. Друго ми е несвојствено.Тој е најпознат токму по ова контроверзно издание а има едно дело , односно збирка на раскази , ( многупати ми е препорачано) кое се уште не можам да го најдам а се вика ,, ИСТОК,ЗАПАД,, Според неколку реномирани книжевници ( иако тоа не ми е некое мерило) со овој роман ги спојува и разделува Истокот и Западот и сето тоа на еден начин пропратен со многу хумор.Мислам дека вреди да му се обрне внимание.Јас ќе ја најдам некако но ова нека биде еден апел до издавашите и Министерството за култура , да не мора наредните генерации по цел ден да ги бараат нелегалните web страни за симнување на бесплатни книги.

Нема коментари: