петок, февруари 08, 2008

Писателот Варски и други раскази

Конечно!!! Мојата книга ,,Писателот Варски и други раскази,, е објавена на сајтот на creative commons и на сајтот на метаморфозис.

Ова е изјавата по повод објавувањето:

„Писателот Варски и други раскази“ е првото литературно дело на Душко Гошевски, повеќе познат како Дуле Варваринот од Валандово, кое од денес стана достапно за преземање преку Интернет во пдф формат. Книгата е заштитена со Криејтив комонс лиценца, благодарение на која секој заинтересиран читател, може да ја преземе, прочита, умножува и адаптира, се додека правејќи го тоа, го наведува авторот на делото и истото не го користи за комерцијални цели.

Ова дело тој го пријави на конкурсот за најдобра дебитантска проза „Новите: 2007“ во организација на издавачката куќа Темплум, при што влезе во потесниот избор за главната награда. Најголем дел од содржините во книгата се презентирани на неговиот блог, каде што покрај раскази и поезија можат да се најдат и мислења и критики за книжевноста, уметноста и музиката. Книгата се уште нема доживеано печатено издание, но авторот е – како што вели самиот – „непоправлив оптимист“.

„Од секој пат сум пишувал само за литературата“, вели Душко Гошевски. „Не знам зошто сега би било поинаку, односно зошто мојот бунт и резигнација да го пренесувам во оваа вест каде што треба да стои моето задоволство и радост што имам можност и начин да го презентирам моето творештво. Се надевам дека идните млади писатели на кои исто така им ја посветувам оваа книга, нема да го минуваат истиот пат по кој сега одиме ние, торпедираната младина од кич, неталент и бедна мисла, која се обидува да твори под некое неимуно стаклено ѕвоно кое мислиме дека не штити.“

Книгата е поделена на пет дела. Првиот дел е најобемен и е 50 процентно автобиографски. Во него, авторот ги опишува „сјајот и бедата на студентското живеење од очите на еден провинцијалец“ или „сељак“ – како што вели дека поинаку го нарекувале. Вториот дел се состои од експериментални текстови групирани под насловот Perpetuum mobile. Понатаму следуваат „Ѓоа Трилерите“ – мала пародија на жанрот. Четвртиот дел претставува мешавина од уметност и класика, додека петтиот дел е „поезија откорната од душата“...Поставувајќи ја својата читателска публика сосема непосредно пред делото, Дуле Варваринот порачува: „Уживајте“...

Многу благодарност до луѓето во CC и Метаморфозис, прекрасни сте!!!

понеделник, февруари 04, 2008

Издаваштвото во 2008

Имам обичај да ја прелистам ,,Годишната програма за остварувањето на национален интерес во културата,, уште при донесувањето и објавувањето, да видам што ќе биде приоритет во културата оваа година посебно во делот на издаваштвото поточно - преводната литература.

Бев пријатно изненаден од бројот на поддршани дела, одлично само напред.Инаку во македонската јавност досега се служаа жалби дека средствата се малку, оваа година тие биле многу? А сепак има примедби дека и овие не се доволно!?Затоа нема да навлегувам во лавиринтот нашата гнила критичка културна дебата која не знае што сака и нема да зборувам за таа тема.

Минатата година доста радосен пишував дека не очекува објавувањето на Џемс Џојс ( Портрет ...) Кафка,Буцати...

Значи да направиме мала анализа и за оваа година, мислам на преводната литература, не на теориските изданија или другите културни активности. Можеби некој друг ќе ги ,,прочепка,, тие сфери.А и програмата е јавна и објавена на сајтот на министерсвото за Култура. Повелете.

Во она што јас ќе го издвојам нема да ги спомнам многуте монографии, толковници, речници, теориски дела, книгите за деца и млади, македонските писатели ( нека останат тајна) и слични содржини од Програмата. Само позвучните преводни кои ќе ги купуваме, читаме и оценуваме оваа година.

Значи ќе почнам од Темплум, не само поради редоследот туку пооради следната вест. Оваа година во издание на Темплумци по прв пат на македонски јазик ќе излезе романот ,,Прашај ја правта,, ( Ask the dust) од неговото височество Џон Фанте. ( Буковски во една прилика има изјавено -Фанте беше мој бог.) Иако ја имам оваа книга на српски ( упитај прах) во издание на ЛОМ, неопорно ќе ја купам, и уште од сега ви ја препорачувам. Се надевам дека некој ќе ја објави и ,,Пат за Л.А,, што е пред дел на оваа.Пред неколку години беше и екранизирана во филм (Селма Хајек и Колин Фарел во Главни улоги)

Исто така од оние што ми се поинтересни а во издание на Темплум би требало да излезат

- Свртување на завртката - Хенри Џејмс , Насмевка во темница - Валдимир Набоков и неколку луди раскази од Томас Бернхарт

Кај Ѓурѓа од Луиџи Пирандело - Едно ниедно и сто илјади.

Од НПМ Симбелин од Шекспир

Од Силсонс ми засјаи во очите - Скриена македонија од Кристофер Делисо.

Од Табернакул - Фукоовото Нишало од Умберто Еко а мислам дека уште сега може да се најде во книжарниците ширум Скопје.Исто од нив втториот том од Проф. Мухич - Расата на филозофите.

Од сојуз на Литературни преведувачи - Франсоа Рабле - Гаргантуа и Пентагруел.

Од КИЦ ( за кој се дигна бааѓи џева по медиумите) не очекуваат неколку дела од Фуентес, Далај Лама ,Адорно Капра и др.

Од ТРИ ,,Боречки клуб,, од Чак Паленик.

Од ИЛИ - ИЛИ - ,,Катедрала,, од Рајмонд Карвер и ,,Колекционер,, од Џон Фаулс.
Од МАГОР - Пруст( Во потрага...) Орхан Памук со ,,Снег,, Роберт Музил ,,три жени,,.

Од Нова наша книга - Томас Ман ,,Волшебниот рид,,.

Можеби пропуштив неколку, нека ме извинат.

Ианку морам да спомнам дека ми е жал што нашите новинари оваа година повторно ги препишаа статиите од лани со мали корекции( буџетот е многу поголем но сепак најдоа начин да искритикуваат) и воопшто не нурнаа во содржината. Не тие ги презентираа изјавите и (не) задоволстбата на издавачите како тие да се најбитни во целата работа. А јас колку што можам да сватам реципиенти на културата се граѓаните а не издавачките куќи,заради нив се стимулира културата со финансиски средства. Но нив никој не ги прашува. Битно е да се задоволат издавачите и ,,Македонскита угледна писателска елита,,. Другото не е важно. Ниту насловите ниту квалитетот. Ниту самата книга и содржина.

П.С Еве линк кон годишната програма која е презентирана на сајтот на Министерството за култура.