среда, ноември 14, 2007

креативно пишување & кни

Имам две значајни новости да поделам со вас.

1. Отсекогаш сум се одушевувал и сум размислувал како е студирањето на големите универзитети, На Кембриџ и Оксфорд, на Харвард, Јеил, Сорбона. Посебно ме воодушевуваа нивните библиотеки, читални, атмосферата, глетката...Пред некој ден ги постирав и магичните слики од тие библиотеки. Духот на науката живее во студентите кои искрено се посветуваат на тоа. Не дека и таму нема шалабајзери.

Кога почнав да сурфам и пребарувам по интернет ( најчесто книжевнички теми) наидов на нивните наставни програми и читав некои авторизирани предавања, курсеви итн. Речиси недоминлив предмет кај младите книжевници е creative writing односно КРЕАТИВНО ПИШУВАЊЕ. Моети интересирање за ваквите предавања/курсеви е огромно, секако поради мојата пасија кон пишувањето.

Подоцна по речиси темелно пребарување низ сите книжарници низ Македонија дојдов до еден примерок со ваква тематика. Kreativno pisanje – го најдов во табермакул, мислам дека има уште некој примерок. Мала кратка но доста интересна книга, со делумно добри практични совети. Подоцна , специјално порачав учебник по креативно пишување од еден мој другар од Амстердам – creative writing coursbook – подготвен и издаден од неколку предавачи од Универзитетот во Оксфорд. Тоа беше минатото лето и ми пружеше некакво задоволство и сатисфакција. И сега доаѓам до главната вест до поентата што би рекол Јанко.

РАБОТИЛНИЦА ЗА КРЕАТИВНО ПИШУВАЊЕ

Во организација на издавачката куќа Темплум

Да да, просветлување што би се рекло, можете да си замислите каква беше мојата реакција. Нема да пишувам за можностите, искуството и значењето што го носи ваквата иницијатива, посебно за нашата мала сиромашна книжевно-културна сцена. Инаку работилницата треба да почне да работи кон крајот на ноември или почетокот на декември. Информации на:

2. Пред неколку дена низ книжарниците ширум Скопје осамна едно ново книжевно списание.Се вика КНИЖЕВНО ЖИТИЕ. Во него наидов на интересни содржини, Има интервју на Кристева со Дерида, извадоци од делата на Тома Аквински, посебни делови во кои се застапени македонските поети и прозаисти,Проф.Мухиќ и други содржини. Искрено се надевам дека ова нема да биде уште едно од многуте мали книжевни списанија и дека ќе успее да се наметне на книжевната публика.

Списанието во првиот број има 110 страници и може да се најде во сите поголеми книжарници низ Скопје по цена од 100 денари.