сабота, септември 16, 2006

интернет КАФЕ( само кафето вреди)

Чисто глуп пост ама ми се тресат жилите па знаете ... ќе мора ...
да се покакам тука...


Паузите се добри за обнова на духот на авторот ( или уметникот сеедно), за полнење на батериите ( гадна фраза според мене) или пак за барање инпирација.
Не бе, ова горенаведеното е обид да се скрие авторската криза, или со други зборови, седење пред компјутер , машина и гледање во мониторот додека не ти се насолзат очите.
Се случува да, но овде имате и друг вид на пауза.Тоа е случај можеби фантастичен во некои развиени земји, но овде е реалност а тоа е ДА НЕМА ИНТЕРНЕТ ЕБАГО.Да не може човек да дојде асален компјутер и да пренесе веќе напишаното кое стои на флопи. И штое уште потрагично , тоа се случува поради моето преместување во СКОПЈЕ ( почна новата студентска надежна година).
Да не оптегам , да не раврзувам каде нема интернет ( да го ебам немат кабел асален) каде нема флопи на компјутерите, каде паднала мрежата, каде не отвара некои страни.Велат во Трнодол имало добро кафе.
Многумина имаат пишувано до каде сме на нивата на технологијата, комуникациите , на интернетот. Е дотука.Половина главен град обрнав да најдам асална конекција. Е до таму се.Не ме убедувајте со некои нови закони, проекти ,програми, и слични бљувотињи оти за никаде сме. Сега откако најдов добро место за одржување на ова можеби утопитичко надежен начин на творење ќе се потрудам ангажманот да не биде залуден

3 коментари:

Јане Јованов рече...

Само да се надоврзам со кажаното и да кажам дека сум најдобар ловец на Интернет во Кисела Вода... Откога го трчкам сигналот на WiFi сигналот на Он Нет јас станав ловец на интернет со педигре. Во моментот е 2.32 длабоко во ноќта (нема сигнал преку ден) а јас сум на прозор на 5-ти спрат од Пелагонија (каде го набљудувам крволочниот сигнал и го чекам во заседа) и ловам сигнал трчајќи низ ходникот да најдам добро место на прием... Хај-тек милина...

Dule varvar рече...

sinko ama si me nasmeal so ova , ne za drugo tuku oti ti ja znam makata de.pozdrav

Јане Јованов рече...

Прочитај го преводот на `Старица` од Даниил Хармс кај мене... Чекам коментар...