Би сакал да започнам со една доста застапена ( а по мене кретенска мисла) :
,, За вкусовите не се расправа ,,
Се расправа и тоа како се расправа
И уште една :
,, Секој има право на свое мислење,,
Оваа втората својата експанзија ја доби со нашите морбидни и кретенски реални шоуа и со нивните дебилни водителки.Туку друго сакав да кажам. Секој има право на мислење ама ако тоа мислата не му вреди 100 грама капини зошто па јас да му ја почитувам. И еве дојдовме во воведот. Ако некој сака да ја класифицира ова моја во сторија во Музика ве молам немоте.Музиката и ТЕХНОТО немаат ништо заедничко.
Многумина се запрашале што би било доколку би абортирала мајката на Хитлер. Јас се прашувам што би било ако би абортирале мајките на . Кевин Саундерсон, Хуан Еткинс и Дерик Меј. Дали кога ќе влезев во некој бар ќе се опуштев со некој евергрин, блуз или кантри музика. Дали кога ќе појдев во диско ќе го слушав стариот добар рокенрол, дали на крајбрежните шанкови ќе ги гледав половините на девојките како се кршат на самбата или на другите латински танци. Дали кога ќе си дојдев дома немаше главата да ми биде како ТАПАН. Оние јалови ритмичко сиромашни звуци што бијат во главата како камбана се најголемото СРАЊЕ на денешнава музичка сцена.
Не слушам РАП ама поштувам.Не слушам R&B ама поштувам.Ова тингарање не мошам да го смислам. Три четири типки по компјутерската програма и еве песна ( простете што ја нареков така) . И ај ве молам објаснете во што е разликата меѓу КАРЛ КОКС и DJ БАБУРА.Исто , потполно исто.Едниот зема илјадници евра другиот стотици за едно гостување Исти перформанс , исти амбиент , исти последици ( зуење како некој да ти чукал по клунците на оџакот цела вечер) .
И де ве молам објаснете , оти јас не знам, како жити се ги распознавате песните ( простете пак) . И дури избираат хитови. Ејгидиииии.
И што е најчудно има и посебни техно правци.Есид техно , амбиент техно , хардкор техно , прогресив техно , се на се канализација техно.
Без никаква мелодичност , без никакво индивидуално творештво, овој ЗВУЧЕН правец си има свои приврзаници кои ,,многу го сакаат , слушаат , скокаат ,, а не им пречи за 20 минути да се свртат на турбофолк скокајќи по масите и лепејќи пари на певаљките.СКОПЈАНИ не ме убедувајте дека ова е провинциски кичерај ви се случува и на вас во сред БИСЕР.О колку бедно звучи...
И за крај една техно песна ( слоб.прев)
ТИ ТИ ТИ ТАК ТАКА Т АТАТА ЗИГИ ГИЗИЗИЗСААС ЕТЕ ТЕ ЕТ ЕТ ЕТУ ТУ ТУТ Т ТУ ТУТ ТУТУТ Т Т
Рефрен :
ТУП ТУП ТУ ТУ ( убрзано) ТУПСА ТУПСА ТУПСА ТАП....
недела, септември 03, 2006
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
Нема коментари:
Објави коментар