Колку само мизерно звучат некои муабети во обичното население.Зборувам во еден град , на една улица, во една кафеана, на едан другарска вечер...
,,Убаво е да читаш.Иако јас немам прочитано книга од гимназија,,
,,Ако читаш книги ќе си го збогатиш речникот,,
,, Која книга ја прочита ова лето?,, Најморонското прашање што го прашуваше учителката на 1 септември.
Посебно ме иритираат оние фраери кои велеа ,, јас ја имам прочитано Зоки Поки,, - и потоа следи смеење од чурката што седи до типот демек курназот.Се гази од смеење ( затоа што дечкото и е идиот?).барем кај нас ( во едно гратче ,,недојдија,, го викам) ова е главна тема кога се зборува за литература.
,,Слушам техно, сега тоа е модерна музика,, - вели една подвижна реклама која патем ми е другар и сега носи и розово оти е тренд.
,, Да да на мода е ,, му одговарам ,, А кој поточно Кокс , Ван Дајк или Мајлс Дејвис( Џезер!!!)? ,, патем прашувам.
,, Сите тие ,,
Исто е и со филмовите.
,, Го гледаше Кодот? Глуп филм. ,,
,, Филмот е одличен , Хенкс одлично го глуми збунетиот Ленгдон, А Одри Тату е одамна звезда на Француската кинематографија.,, Одговарам згрозен од мојов коментар затоа што не знам шо е поглупо филмот или книгата.Ама мораше да им предочам дека мора да имаат свој суд не да ги слушаат рецензиите и коментарите.
,,Да да уствари и добар е ама така ... Не не Хенкс е цар. ,, Ништо од мојава мисија.Сега мислат дека филмот е ремек дело.
Во периодот на пубертетот криев дека читам книги.Овде тоа е клетва.Нема да можеш женска да завртиш ако те разберат.Одев во библиотеката рано околу 9 изутрина. Еднаш еден другар ме виде.Морав вечерта да го частам, даска да го направам да не ме заебава.
Пред некое време одам кај мојот бивш класен раководител.Да му ги вратам книгите од Тургењев. Седиме и муабетисуваме кога влегува една накинџурена и му вели на професорот.
,, Професоре може да ми препорачаш некоја книга? ,,
,, Да да што те интересира ? ,,
,, Па ако може некоја комедија? ,,
Deja vu.
Пред да тргнам на факултет ги броев деновите. Таму има интелектуалци , академски граѓани де( леле ама ме нервира овој збор).Сигурно во студентскиот дом има и голема библиотека.Рај. Кога одам ШТО? Пијанчење и КОЗЕЊЕ ( повраќање), журки .И чат пат Ог Мандино. Леле на саемот. Сите наеднаш читаат. Коелјо , Кинг и компанија.Оние пообразованите се мрчтат на комерцијалава.Ним им е тешко, поради невреднувањето на оригиналните писатели , на вистинската проза и поезија. Мене ми е супер.
Го нема Зоки Поки...
недела, септември 03, 2006
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
1 коментар:
interesen tip si moram da priznaam. Mnogu mi se dopaga sto gledas jasno na rabotite, stavas go do izraz negativnoto za da go ismees i da posoces kolku glupo izgledat takvite kako drugar ti(a ima gi bogami nogu takvi).
p.s. "Jas ne sum ovca sto ceka nejziniot ovcar da ja pottikne. Jas sum lav koj odbiva da zboruva, odi i spie so ovcite."-potseka te neli na NEKOJ?
Објави коментар