недела, септември 03, 2006

ЧЕКАЈЌИ ЈА ЗОРАТА

Внимание : претежно досадно

Како исфрустриран ирвас сум поразен во неодамнешна битка , заглавен во ова време.Време во кое се ти е подарено на тацна. Баш ме заинтригира еден коментар на Кастро во кој запрашан за забраната на компјутерите во Куба одговара дека не може да ја најде смислата во свет во кој сета хуманоидна историја е складирана во неколку ЦД-а.Далеку од тоа дека неговата реакција се одразува на моралниот поглед на денешниот свет, напротив доста јасно е од каде потекнува и што штити неговата забрана.
Друго се думам. Не можам да се сетам чија е оваа мисла ( мислам дека е многу многу стара ) дека човековото око е ненаситно.Со неколку типки на персоналецов ми се отвара целиот поглед кон светот , толку голем што моите зеници ( рам-от) се претесни за да го обработат а мојот хард диск ( мозокот) не може да го процесуира. Можеби и затоа мојот монитор ( очите) светка црвено - ,,error,, .Не можам да го видам хоризонтот. Предалеку е. Не мислам на оној хоризонт кога на google пишиш rainbow и излегуваат сликите. Мислам на вистинскиот, оној надвор кој бил инспирација на цела плејада писатели. Можеби и затоа еден романсиер како мене четири месеци не може да напише повеќе од 20-тина страни. Затоа пак на реалистите чад им излегува од тастатурата пишувајќи за проституцијата, блудот, инцестот, деликвенцијата.Уште долго ке трагам по инспирацијата но нема да дозволам декаденцијата да влезе во моите страници па ако треба уште 20 години да ги пишувам романот. Кога ке ја види светлината на денот ( ако дотогаш сонцето не изгори) ке биде плод на љубовта , светлината , пејзажите и убавината,.
Макар тогаш бил и научна фантастика
( ПОСТОВ Е ПИШУВАН РЕЛАТИВНО ПОРАНО , ПА ИМА ИЗМЕНИ ВО СИВИТЕ КЕЛИИ НА АВТОРОТ)

Нема коментари: