Знам дека стално пишувам скептички ама некои работи кај нас блогбрате-сестро ти се неверојтни.Пишувам за Леб и Сол мојата најомилена група( ова озбилно го мислам не оти е на мода). Како е можно по 30 години од формирањето и 10 години од последниот настап да има таква медиумска стихија.Бомбастишно беа најавени но никој не напиша повеќе од 10 реда во пишаните медиуми. Јас како припадник на помладта генерација сакам да знам каде се случила првата снимка, како е оформен бендот , први подеми, први падови, прв голем концерт , поканите од странство , па женски, пијанчења и слично. Па не УТЕПАА со Вили Вало од HИМ со ТОКИОHОТЕЛ или Бритни.Знаеме и каква четкичка за заби користат а не знаеме дека пред Леб и сол Бодан и Влатко имале друга група. Па не мора само за тоа да се знае ако некој мисли дека е неважно и не знам .... Еве на пример може да понпишат како дошлпо до фузија меѓу етното, џезот и рокот, и како тоа одекнало во светот.
Второ по радио станиците никако да пуштат нешто друго освен ,,као какао,, и ,,учи ме мајко,, . Баш би сакал да ги слушнам :исток-запад,Трач,У сенци , Под водом, Ручни рад итн.
Па луѓево имаат издадено 12 АЛБУМИ.
Леб и сол (ПГП РТБ 1978.)
Леб и сол2 (ПГП РТБ 1978.)
Ручни рад (ПГП РТБ 1979.)
Бесконачно (ПГП РТБ 1981.)
Следовање (ПГП РТБ 1982.)
Акустична траума (ПГП РТБ 1982. двоен жив)
Калабалак (Југотон 1983.)
Тангента (Југотон 1984.)
Звучни зид (Југотон 1986.)
Као какао (Југотон 1987.)
Путујемо (Југотон 1989.)
Live in New York (Third Ear Music 1991.)
Anthology (Third Ear Music 1995. двојно ЦД)
Можат да напишат дека своевремено имаат 4 последователни преполни концерти во сава центар.И ај да не тупам за се што можа да се напиже бидејќи за нив може да се издаде книга , енциклопедија. П.С Знаете дека во 1978 година се избрани за најдобра група а во 1987 се добитници на три златни грамофони?( межу другите награди) Јас не знам
недела, септември 03, 2006
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
Нема коментари:
Објави коментар