недела, септември 03, 2006

КУЛТУРНА ( ДУХОВНА ) РЕВОЛУЦИЈА

ВНИМАНИЕ : УШТЕ ЕДЕН ДОСАДЕН ТЕКСТ
За почеток а во контекст на постот би сакал да цитирам една мисла ( повеќе предговор) од брилјантниот роман на Умберто Еко ,,Името на розата,,
„Ако некој сака да влезе во манастир и да престојува во него седум дена, мора да се прилагоди кон неговиот животен ритам. Така и читателот, мора да ги издржи првите стотина страници. Во спротивно, нема да смогне сили да ја прочита целата книга. Според тоа, ова е покајувачката и иницијациската функција на првите стотина страници, па кому не му се допаѓаат, негов проблем, ќе си остане во подножјето на ридот. Влегувањето во еден роман е исто како одењето на излет во планина: неопходно е човек да научи да дише, да го држи чекорот, инаку брзо ќе застане.“Умберто Еко
Ако малку ја анализираме оваа негова би ја нарекол теорија секако би констатирале дека доста длабоко продира и во најправилно наречено уметноста на живеењето. Без да се осврнам на практичниот совет што го дава ( човек цел живот работи за да живее во пензионерска благосостојба), мислам дека ако ние принесеме жртва во животот која би проголтала поголем дел од нашата младост би можеле да го усовршиме нашиот понатамошен живот. Знам дека забегувам од контекстот на ЕКО но и во мојава теорија контурите се тие. На една поодмината ( подоцнежна ) фаза од нашиот живот се губи смислата на животниот елексир.И пак практично - возрасниот човек го јаде секојдневното животно сивило.Животното сивило не е присутно само кај нас туку во целиот универзум , човековата ненаситност е вметната во неговиот генетички код. Попластично да објаснам со една наша народна мудрост ,, човек учи додека е жив ,, но ,,железото се кове додека е жешко,, .
Потребна е револуционерна реформа на образованието уште во почетните стадиуми на образованието. Вметнување на древните вештини на живеењето кои монасите од источната цивилизација љубоморно го чуваат. ШАО ЛИН - ски циклус кој како ..baterfly efect,, ќе се прошири кон целиот свет. Иако модерниот свет сака да продре кон овие источноцивилизациски вредности единственото што успеа да го ископа е кама сутра уметноста на љубовта и фенг - шуи, уметноста за хармонија на домот. А нивната мудрост е толку длабока...
Ова е претежно демагошка теорија но не мора да се осврнеме само на источната мудрост. Ренесансното учење од 15-тиот век е уште една добра причина за капацитетот што го има и ова европска цивилизација , и надеж за наредните генерации кои како нас ќе претрпат транзиција , преродба, реформа но духовна... Тоа е единствениот начин за остварување на идеалот на еден наш голем револуционер но уште поголем идеолог ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
,, ЈАС СВЕТОТ ГО ГЛЕДАМ КАКО ПОЛЕ ЗА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР МЕЃУ НАРОДИТЕ,,

Нема коментари: