Македонија е нација што не чита книги.Македонија е нација што чита книги.Македонија е нација што не чита ама сака да чита, или не чита оти нема пари време... . Бре мајката. Па оваа гранка била заборавена од државата па не давала пари за издавачите за да можат без труд и мака да се богатат. Можеби мислите оти грешам ама еден од главните виновници за тоа што не можеме да прочитаме ниту еден светски познат наслов е нивна главна вина. Кога се ,,омрсија ,, од Ден Браун (Кодот на Да винчи) имаше едно затишје додека ги броеја златниците навечер и се смешкаа . Се жалат дека од издаваштвото немало пари а верувале или не книгите ги продаваат поскапо од западните земји. И самите велат дека не плаќаат авторски права , имаат повластена даночна стапка, плаѓаат 1% данок на увоз колку да се каже, па во една изјава минатата недела лицемерно изјавија дека и тие 1% процент им било оптоварување па да ги скрателе и тие. И додека во западните земји цените на книгите се движат од 8 до 15$ види чудо и кај нас истите цени без да плаќаат даноци и разни давачки. А што добиваме ние за возврат.Пред некој ден ја купив бомбастично најавената ,,книга на деценијата,, теорија на хаосот од Џонатан раб. Кога завршив со читањето рацете ми беа црни како да сум лупел ореви. Штампана како и сите други на рециклирана хартија која во западните земји ја одбегнуваат и како тоалет( штетна за задникот). Книгите се продаваат по промотивни цени како на пример ,,Случај патоказ,, од Јан Пирсинг. Кога кај нас се продаваше за 630 денари ( 12,5) долари во САД се продаваше за 12$( квалитет на ниво). Можете да си ја замислите оваа перверзна ситуација? Јас не можам и стално добивам не мека туку течна столица при некое жалење или кукање на издавачите за нивната катастрофална состојба. Немојте да ве лажат дека е причината е малиот тираж затоа што токму поради малиот тираж се ослободени од издавaчите на авторите. И уште еден совет. Кога ке изрекламираат некоја книга како прв бестселер во светот ,,тркнете ,, до AMAZON или NEW JORK TIME BESTSELLER .Многупати ги немало ни во првите 100.
-->
недела, септември 03, 2006
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
Нема коментари:
Објави коментар