недела, септември 03, 2006
ЗА ПОЧЕТНИЦИ
Ако мислите дека состојбата во Македонија (барем од областа на литературата) е очајна се лажете.Бетер е.Не може да се разговара за една култура(на нашки кажано навика) на читање ако не ви се издадени најпознатите наслови од областа на белетристиката односно mainstreem-от. Тоа е жанрот што ја предизвикува и ја навлекува читателската публика.Тоа е еден почетен стадиум во кој се ствара односот на човекот кон книгата. Може да звучи чудно или можеби претенциозно но само сетете се на важите најинтересни дела кои ви привлекле внимание па кажете на кој жанр припагаат.Речиси не постои земја во светот која ги нема преведено Стивен Кинг,Патриша Корнвел, Сидни Шелдон,Балдачи , Патерсон, ...( не сум ви јас крив ако некој не ги знае овие ИМИЊА). Пред околу шест месеци беше изрекламирана книгата 13 проблеми од Агата Кристи ( втората најпреведувана и издавана по библијата). Тоогаш ми самна дека тоа е всушност втората преведена книга од оваа авторка ( по ,,убиство во ориент експрес,, преку Утрински). Сега бомбастично е најавено дека на штандот на Матица на саемот во мај главен адут ке биде новиот роман на Роберт Ладлам ( авторот на Борнов идентитет, Алтманов код) , замислете првиот преведен роман од овој автор во Македонија . Па дури и гордо се најавува како да има некоја монументално значење. Па без тие неиздадени дела вие не постоите во издавачкиот свет. Со едициите сме катастрофа . Се издава роман само ако е екранизиран. па што ќе ми е тогаш кога ја знам целата суштина. Да , да еве го издадоа ,,Минхен,, филмот на Спилберг.Но тоа не е толку жално колку што е смешно издавањето на романот ,,шиндлеровата листа,, филм снимен во црно бела техника пред 30 години.Јасно е дека според нивните истражувања( ако не свативте цело време зборувам за издавачките куќи) филмуваната верзија на книгата носи бесплатна реклама но превземете обврска ако не поради унапредување и промоција на тоа од што живеете барем поради парите ( нашите пари ) кои ги влечете од владата за издавање на безвредни дела од македонските ,,писатели,,..
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
Нема коментари:
Објави коментар