Ајде да резимираме нешто од областа која се трудам да ја коментирам , постирам односно од која се трауматизирам.
Ако некој длабого засегне во водите ( колку излитено ова звучи) на пишаната уметност притоа навлегува во еден друг паралелен универзум. Да да знам дека има мала доза на патетика и ненаучно дрвење во овој пост но би требало да ме разберете. За отварањето на портата на литерарниот универзум секако е предуслов притоа внимателно насочување на потенцијалниот читател во неговиот омилен жанр.Внимателно од проста причина што по подолго време ( секако доколку длабоко ја загриза книжевната јадица) оние со комплекс на невредност и слични психолошки недефинирани личности почнуваат да се губат и да се поистоветуваат со ликовите. Тоа додуша кај нас фала Богу не се случило но го има во светот. Исто така овој парадокс е присутен и во филмскиот свет, каде што na primer под влијание на STAR WORS неколку лица се хоспитализирани во душевна блоница мислејќи дека се џедаи. Истото се случувало и со Толкиновите дела и сл...
Инаку сакав да резимирам дека Македонија во ова книжевно сивило ке може да воздивне барем од овие проблеми , а и очигледно е зошто. Освен можеби јас кој што почнав да се поистоветувам со Дон Кихот а дечкото кој што работи во ова интернет кафе ( моментално дреме на столот) и го чека единствениот муштерија да си отиде е мојот Санчо Панса.
И по предлог на некои блогери а и за да се развие дебата на овој пост би додал и уште некои зборови :
Педер сум
Лезбијка сум
Дрогираш сум
Психопат сум
Повелете:
недела, септември 03, 2006
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
Нема коментари:
Објави коментар