недела, септември 03, 2006

ГОТСКА МУЗИКА ( МЕТАЛ)

Во скандинавските земји, подигнато на ниво на култ е готиката.Мислам на готска музика ( метал) , готска поезија, готска архитектура,готска уметност...Секако огромна тема, за да ја склепам во неколку редови.Затоа ќе се задржам на Готската музика. Иако терминот ,,Готика ,, како и правецот во уметноста за прв пат се појавува во тринаесеттиот век во Франција, готскиот метал како правец во музиката се појавува во Скандинавија , поточно во Финска.
Готската приказна започнува уште вои раните 80-ти но вистинското издвојување и осамостојување како правец е 10-тина години подоцна. Едни од зачетниците се шведскиот Therion и норвешката Tristania. Фузијата односно спојот помеѓу симфонијата и метал музиката бурно е одбележана во тамошната музичка јавност. Мислежата се контардикторни и поларизирани.Иако подоцна доаѓа до одвојување и на овие два подстила, ( Готски метал и готски doom метал) ова е почетокот на една нова музичка ера која има се повеќе и повеќе приврзаници( вклучувајќи ме и мене) . Секако има и моќно покровителство во мрачната даркерска атмосфера, идеологијата на готиката, сликовитата ледена слика на скандинавските дворци, и сума сумарум имаме одлична и заокружена целина.
Секако голема тема за објаснување но еве на еден пократок начин се обидов да ја пренесам сликата од оваа фасцинантна музика.

Нема коментари: