вторник, септември 05, 2006

Десеттина звезди во мракот

Во смисла на една дебата што моментално се одржува на блог.цом.мк во која едните дебатираат а другите вреѓаат би сакал да поставам неколку реторички прашања.

Дали Дарвин е најпознатиот истражувач на видовите ( и најдобриот )

Дали Тесла е најпознатиот иноватор од областа на електричната енергија ( и најдобриот )

Дали Џордан е најпознатиот кошаркар ( и најдобриот )

Дали Микеланџело е најпознатиот ренесансен уметник ( и најдобриот )

Дали Вуна , Букаро , Анти се најпознатите македонски блогери ( и најдобрите )

Доколку некој е основоположник и креатор на некоја поинаков и доста застапен правец, а притоа тој правец доживее процут и медиумска експонација, не може да му се негира заслугата. Ако не е инвентивен , интересен , квалитетен нема ни да го познаваме. Нема да го читаме , нема да го тангираме.

Што сакам да кажам.Македонската драматургија има одлични драмски претстави , во иднина можеби и подобри но, ЧЕРНОДРИМСКИ Е ЧЕРНОДРИМСКИ. И ( зборувам за последната дебата) ако алтернативата на овие и уште десеттина блогери се оние кои што додаваат ,, Па што ако си добар , не мора да ми солиш памет ,, ќе одлучам моето внимание засега и да ми остане на овие неколкумина. Повеќе не мислам да пишувам за блогерајов , самоподвлекувам една ЦРТА, односно заокружувам една целина , пред да продолжам понатаму.

П.С Ако некој има замерка од типот ,, тие не го измислија блогот ,, ни Џордан не ја измисли кошарката.

5 коментари:

Shepard рече...

fala на комплимент :)

Анонимен рече...

Никој не побива нешто што некој за првпат се обидел да проба да го направи. Една работа може на сите да ни биде јасна, а тоа е дека некој поскоро, а некој подоцна дознал за нештпто наречено блог. Изненадувачки е тоа што кај нас блоговите не се користат за корисни нешта, за дебати, за изнесување на видувања, за критика поткрепена со факти, ами за копирање содржини, за објавување фотографии без никаква намена и тоа преземени од некој друг сајт и за најодвратно плукање по се живо и диво (меѓудругото во последнава група спаѓаат и некои блогери за кои се смета дека се најзпознати, што ни од далеку не значи дека се добри). Индикативно е тоа што блогот кај нас е трач рубрика, па ако во насловот ставиш „пичка„ ќе те прочитаат цел куп луѓе. Ама, јеби га, тоа ти е Македонче, кое го интересира туѓата жена, без разлика што неговата се растура на големо. ;-)

Dule varvar рече...

Ова последново ти беше ,,мисла на месецот,,. Инаку не може генерално да зборуваме за првите блогери , но ако некој сака да ги омаловажува нека го стори тоа во поглед на квалитетот , аргументирано исмевајќи им ги постовите , а не со пцовки и навреди.

Dule varvar рече...

Емил друже не можам да го отворам твојот блог.Има некој проблем? ДАј пиши ми овде или на мејл , не сакам да изгубиме контакт.

Анонимен рече...

Мојот блог веќе не постои, од причина што и јас се изнервирав. Ама, ај сега ќе ти пишам и-мејл. ;-)