четврток, јануари 25, 2007

Кој го дрпна Џемс џојс?

За почеток сакам да цитирам двајца блогери кои го наговестуваат и мојот став и она што сакам да го напишам.
Прво тоа е Мечето ушко кој во својот пост за Итало Калвино вели

Во продолжение ќе Ви преставам еден од моите фаворити, пистели кои со задоволство сакам и уживам да го читам. Овој пост воедном е и мојот јавен протест за шундот од книги кои се преведува и се пласира на нашиот книжевен пазар како бест селер. Погледнете ја само палетата на преведени книги од Матица кои деновиве се нудат на распродажба. Шунд книги која од која. Значи ако сакате стварно да читате читајте го Мечето Ушко и следете го.

Веднаш потоа со сличен ( веќе познат став ) излезе и Букарски кој во својот пост со сосема друга тематика вели:

п.с. иако, кога гледав како во “Матица“ сите се грабаат за шунд-бестселерите од типот “темплари, масони, циашки дневничиња и исповеди на руски ороспивчиња“ не се зажелив толку и мене да ме купуваат. да бидам појасен, не би се радувал кога “Падобранот..“ би станал таков бестселер, не сакам секоја будала да може да ја чита мојата книга.не, тоа никако. но, барем да ја има, да постои на рафтот, за одбраната читателска публика да може да допре до неа. „

Иако мојот став не е толку ригиден, се водам од максимата - со оглед на тоа каде живееме подобро е луѓето да читаат било што одколку ништо - сепак морам да го изразам моето незадоволство.Како прво, покрај овие јајце на јајце исти бестселери, треба да вложи напор кон промоција на вистинската литература.Било современа било класична. Веќе пишував за Пруст.Го чекаме Уелбек. Ќе пишувам и понатаму.
Второ па макар и бестселерите, кои чинат по 10-12 евра ( толку се и во САД зирнете низ мрежата) сега се намалена на пристапна и нормална цена од 150-200-250 денари и тоа се најавува како невидено намалени, дрн дрн и ,,тако дање,,.Пази наслови,
Но од оваа кампања може и нешто да се научи, а тоа е дека во ова постмодерно време во овој свет на глобализацијата, рекламата и маркетингот го вртат светот, ги продаваат продуктите, и треба да се оттргнеме од мислењето дека ,,комерцијалата е кичерај„.
Што Енди Ворхол и неговата фабрика се кичерај?
Вуди Ален е кичерај?
Нора Џонс е кичерај?

А најинтересно беше што пред влезот на матица има една корпа, канта во која се нафрлани книги и пишува СЕ ПО 50 ДЕНАРИ. Сите ја одминуваат, никој не ни погледнува кон неа.Ај си велам да зирнам што има внатре.Претам преку досадните поетски изданија и гледам ,,ДАБЛИНЦИ„ од Џемс Џојс , понатаму ,,ПОРТНОЕВАТА БОЛКА„ од Филип Рот. Се по 50 а? Иронијатата е чудна работа.
Се враќам со автобус, до мене и пред мене три пријателки седат и разговараат.
- Нема зошто да ја копираш, ќе ти ја дадам за две недели.- ја разгледува, не можев да го зирнам насловот, нешто за уредување на животот ли, на домот ли, некаков советник кон животот.
- Ова е прекрасно, едноставно прекрасно. - коментира пријателката што седеше до мене.Се свртува таа пред нас ме гледа мене, јас пак во рацете го имав ,,Двојник„ од Достоевски, баш го разлистував. Ме погледна како лепрозен. Добро е си велам и да имаме омраза нека е литературна барем да не е верска, или етничка.
Ќе завршам со еден коментар. Шетаме со еден драг пријател по саемот, секаде изложени книги, со ,,интересни содржини„ ( ќе најдат, нели, древно писмо, со кодови, моќна организација ги трчка тие бегаат и на крај го спасуваат светот од страшната вистина). Едно време по повеќе минутно вртење-сукање вели:
- КАЈ СЕ КНИГИТЕ ДА ГО ЕБАМ?

8 коментари:

Анонимен рече...

Одличен ретро пријателе и добро е прашањето: „Каде се книгите“

Анонимен рече...

Не се согласувам поистоветувањето на Пионерката на Кононов со дел од другите изданија на Матица.

Само насловната е лошо одбрана, инаку сега го дочитувам романот и согласен сум со префинетите руски критичари за враќањето на стариот руски книжевен сензибилитет преку Кононов.

А овие "писатели" - "критичари" се надевам дека не ја прочитале книгата, инаку нивниот став би бил во најмала рака претерано произволен.

Dule varvar рече...

Слушај другар, јас ја немам читано книгата, но зошто да мислам дека неправиле исклучок кога е од нив издадено.И мене ми беше чудно овој ,,Њујоршко-ајкулски,, бран во издаваштвото кое еве не зафати и нас да ги зафатило и русите.

и еве ти велам штом ја препорачуваш ќе ја прочитам, ќе напишам и пост за неа па ќе дебатираме и за тоа.
Поздрав

majajam рече...

„Ме погледна како лепрозен. Добро е си велам и да имаме омраза нека е литературна барем да не е верска, или етничка.“
- е, ова више поштуем! :) него, завршија попустите, или уште траат? јас успеав да не ги перцепирам превише :(

Анонимен рече...

Прифаќам другар. Пионерката е многу специфичен роман, нема класична прикаска, нарациите се преплетуваат, ликот е специфично поделен во две паралелни искуства на Чајката за која нема граница и врамената Мухина во суровито искуство на рововите. Многу интересно решение на формата и дуалниот лик. Или ќе го засакаш стилот и поетичноста на реченица на Кононов, или ќе го фрлиш по 15 страна. Нема средина овде.

А дека со насловот мислеле дека ќе постигнат комерцијален ефект се сложувам, но во Русија романот е забрануван, 10 години лежел по издавачките рафтови, се до 2003 - та.

Анонимен рече...

Улебек у иста канта со Пруст го чекаш? Не зезај и ти... Улебек е ужасен кичерај... штанца на иста тема различни опаковки... знае народ на што се пали.

PPK рече...

Види, не е проблем тоа што се фура шундот. Тие што ја познаваат литературата, ја познаваат, знаат што да одберат и да читаат. Колку сакаат нека ме номбардираат со реклами и ниски цени ако несакам нема да ја читам таа книга и точка. А понекогаш сакам да прочитам и нешто такво и не гледам ништо лошо тука. Едноставно читаш for the sake of having fun.

Проблемот е што покрај шундот ретко се нуди и нешто вредно. Ете тргнав низ град со пари у џеб и не купив ништо. Едноставно немаше понуда, немаше избор.

Која смешка, пред пола година ми требаше која било книга од Дикенс на македонски и тргнав да барам. Ги поминав сите книжари во градов. Само кондиција набив.... :)

Dule varvar рече...

- Теон веќе се договоривме за пионерклата, почекај се уште се вртам со Пруст
- маја саемот трае до 31 јануари
- анон. пруст и уелбек не ги споредив, само пишав дека ја чека новата книга од Уелбек.А за кичерај , далеку е од тоа
- ppk апсолутно се согласувам