Ме нема , ме нема па ќе се изгубам. Не сум присутен , поточно активен во последно време овде и за тоа има неколку причини. Апстинирам од цигари и алкохол( инспирација) , но токму поради тоа имав намера и ја спроведувам како мал експеримент. Дали подалеку од гласните кафеани и невозможно пресиленото славење во турбо атмосфера, може во мир и совршена хармонија да се почувствува духот на празниците, односно божиќно расположение. И да одговорам на ова долго и во прустовсаки манир поставено прашање.
ДА МОЖЕ!!!
Притоа не мислам да ве одвраќам од кафеаните и славите, млади сме и треба да го вкусиме тоа, но некако кај мене барем сега ( дали од презаситеност мој Дуле си велам понекогаш) преовлада другата варијанта.Топол оган, книга, компјутер, ретко и вино, топли напитоци, џез и класика. Уште снег недостигаше. Идила, најдобро помината зима до сега. Одморен и свеж со бистри мисли пред две недели започнав да го пишувам и мојот роман( имам напишано и еден претходно но сега е само репер за тоа колку може да напредне за кратко време, ако ме разбирате). Интересно е романескното посветување на некоја приказна, истражувањата и проучувањата, човек се чувствува жив и целосно ослободен ( од вести , политика, вртелешка и боки 113-ка).Па може дури и блогерајот сосе пропратните антибугари и бугари да ги ставам во ист кош без навреда секако, каде и јас припаѓам. Има некои работи кои ги испуштив во мојов привремен егзил и за кои жалам.Како на пример промоцијата на првенчето на Букарски во ,,Точка,, се надевам нема да ја пропуштам наредната. Забавата на блогерајот , не дека сум којзнае колку по журките, сакав онака шпионски да ги зирнам некои кои ме ,,глочкаат„. Но овде е убаво и снцето силно угревјат ...па дури и жалам што наскоро морам пак во Скопјето, пак студии, професори трнци,мрнци...
За крај имам една интересна новост, а тоа е жанровскиот конкурс на електорлит .
Баш ме интересира креативноста на младите писатели и имагинацијата.Јас пробав за првпат да напишам еротски расказ и беше забавно.За трилерот, има време до крајот на февруари, и треба повеќе време и смисленост. Сакав да кажам дека момците од темплум имаат фантастични идеи со кои го размрдуваат подзаспаното младешко движење ( ако може да се нарече така) и баш ми е жал што ќе ја пропуштам проекцијата на документарниот филм за Буковски. Јаз'к.
Еротскиот расказ на другиот блог односно овде
среда, јануари 17, 2007
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
Нема коментари:
Објави коментар