Заврши и последниот електорлит конкурс за оваа година
Го објавувувам коментарот ( критиката) по повод расказите кои ги испратив. Мислењето кое е групно го објавувам поединечно за мене
Расказите кои беа испратени беа вака оценети :
,,расказите на Душко Гошевски, кои исто така би сакале да ги пофалиме и малку покудиме:) имаат сериозни мани. Ако во пишувањето, драги елитраши, ве води исклучиво скриената порака, ризикувате реалната приказна, онаа во прв план, да ви испадне неубедлива, проѕирна... Во литературата тоа е една од најопасните работи: „телефонирањето“, соголеното сугерирање и делење морални или естетски поуки, ставови итн. Работите треба да произлегуваат од веродостојноста на ликовите и дејствието, а не од однапред зададените „големи пораки“. Многу од расказите на гореспомнативе автори страдаат од самозаљубена, самосожалива и малкуцка скрибоманска здодевност, иако е несомнено дека авторите имаат сосема пристојно ниво на рефлексија и писменост.,,
понеделник, декември 04, 2006
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
2 коментари:
Едно „дете’ се прашува еднаш - Зошто мојот кисел каракер и мојот провокаторски ум има потреба да го прати овој расказ на конкурсот? Што треба да дознае.Што го интересира?
Јас велам дека знае да биде трпелив, а тој тоа треба да го докаже.
Поздрав мај френд
Фала рибар ова е еден од најдобрите коментари што некој ги пишал овде.Содржи поддршка баш каквка што му треба на една книжевно - елементарнанепогода од ваков вид.
Поздрав
Објави коментар