вторник, ноември 07, 2006

готско-епска фантастика

Нешто на што се восхитувам , било земено како период , творештво , или уметност е готиката и епиката.Секако дека овие два правци се сосема издифиренцирани но не се поларизирани.Тие одлично се надополнуваат и испреплетуваат градејќи една целина која е неверојатно фасцинантна и прекрасна за мене.Ме опива, ме освојува , ме екстазира.
На мојот стар блог веќе пишував за готската музика како еден сегмент од целокупната , па би ја нарекол идеологија .Идеологија која е одраз на aтмосферата на скандинавските замоци, проткаени со готички елемент и помалку даркерска атмосфера.

Нејсе. Сега би сакал да се задржам на готско - епската литература.Тоа е спој , односно назив кој што можеби нема да го најдете на друго место, можеби не постои за другите но штом јас го перцепирам така постои за мене.
Можам да дрвам со материјали извадени од енциклопедии и библиотеки, но:
Зарем блогов не е место каде се изкажуваат лични согледувања и размисли.
Зарем блогов не е место каде што авторот ги искажува СВОИТЕ длабоки тајни и чувства?
Зарем не ве навредувам вас и вашите умствени способност ако ви пренесам податоци кои се лесно достапни?
Како и да е ме радува што се повеќе има изданиа од овој како и од чистиот епско-фантастичен жанр од кои повеќето за жал се на српски јазик.Односно освен ЕРАГОН и ГОСПОДАР НА ПРСТЕНИТЕ сите други се на ,, јазик различен од нашиот,,
Зборував за оваа тематика. Како роман кој што би ви го препорачал е серијалот
,, tocak vremena,, од Роберт Џордан - кој е во вкупно дванаесет дела од кои 11 се издадени во САД ( во Србија пет) а дванаесеттиот и последен авторот се уште го пишува

Следуваат страните поврзани со серијалот
http://www.laguna.co.yu/naslovi.php?id=63

http://www.dragonmount.com/


Има разни форуми и страни посветени на овој серијал, да не речам стана своевидна институција со обожаватели ширум светот.
Исто така човекот е и блогер
http://www.dragonmount.com/RobertJordan
Изданијата можете да ги најдете во речиси сите книжарници ширум скопје.Не можам да се посветам на содржината и да направам некоја анализа, барем не на начина како што beauty го прави тоа, бидејќи книгава е предлабока. Ќе ме голтне сопствената рецензија.Ова е епска фантастика проткаена со готски стил па ако ја читате ќе ме сватите што драгаскам цело време.
А и на крај сакам да пренесам дека и јас се обидувам да творам по нешто во овој стил но тешко оди.Тоа е слиучно како алкохоличар да работи во фабрика за алкохолни пијалоци и притоа да биде успешен.

Пробав со две песни

http://dukisbook.blog.com.mk/node/53472

http://dukisbook.blog.com.mk/node/38811


Па ќе ме интересира вашето мислење.



П.С. Инаку за готската музика имаше ,дебата на доста префинет и висок начин,, :

http://dinastija.blog.com.mk/node/38953

1 коментар:

Анонимен рече...

песплатные видео ролики
виртуальный секс через веб камеру
sex co il
смс секс знакомства
порнографии vbulletin
видео порно бесплатное транссексуалы
транссексуалы видео порно скачать
порно б
посмотреть видео порно скачать бесплатно
гей секс сургут