понеделник, јануари 22, 2007

Јас и Пруст


Нема обичај да презентирам писатели или нивните дела, да давам критика или да ги анализирам.Всушност, често посетувам една блогерка кој одлично ја врши оваа работа, нејзините постови се професионални но не и досадни, на анализата и дава дух Мене, мислам дека не ми лежи оваа работа , а и сум во некој меѓупериод во кој мојата перцепција за нештата константно се менува, како и погледите кон одредени појави, култури и случувања. Еве од воведот се гледа дека кога сакам да напишам нешто вакво се сплеткувам како бруцош на забава во СТИВ.
Деновиве го читам Пруст, биографија за него нема да презентирам, може да зирнете овде или поразбирливо овде. Долго време се канев да почнам со него, мислам со читање. Да објаснам подобро, во одредени периоди читам одредени врста на литература, со нив можам да заглавам и по неколку месеци пред да се префрлам на друга .Сега почнав да се занимавам со класиката и налетав на него. Навистина ме импресионира, сеуште не знам дали ми се допадна но јасно ми е во каква тешкотија се наоѓал Проф.Марјановиќ кој ја заслужува мојата благодарност поради неговата просветителска мисија и ја сваќам комплексноста на која порано алаудираше во неговите колумни.( последната реченица беше во прустовски стил). А на крајот на книгата како благодарност еден наш академик има некаков поговор како израз на благодарност кон Професорот Марјанович, и исто така, нормално за македонската интелектуална фела се потрудил истото да биде што понеразбирливо за повеќето од читателите со што континуирано ја продолжуваат нивната долгогодишна практика да го одвратат читателот од книгата. Не намерно но едноставно така е.
Но да продолжам. Ме изненади начинот на кој ја опишува аристократијата и високиот слој.Не развратно , или поддржувачки пристојно, едноставно подруго. Кој го читал ќе ме разбере, Пруст вреди за својата репутација, и не апелирам( оти ќе изгледам како кретен) но би сакал да ги видам и другите негови дела преведени на македонски јазик.
П.С Без слични поговори секако.

3 коментари:

Анонимен рече...

Преводот на Марјановиќ е невидена тапа. Дури ја читав книгата имав чувство дека ликот е Кулановчанец. Катастрофа.

Dule varvar рече...

ха пријателе, јас мислам дека тоа е грешка на лекторот кој има задача потоа да ги корегира или отфрли, замени дијалектизмите кои навистина се чувствуваат.Но знаеш и самиот колку е Пруст комплициран, до таа граница што и нема совршен превод.Мојата благодарност кон професорот е што сепак некој го преведе.
Поздрав.

Анонимен рече...

Сто години му требаа... го преведе за да се фрцка... по лош шревод немам видено. Марјановиќ незнае доволно добро француски за да го преведува Пруст.