среда, март 07, 2007

НАПРЕЕЕЕД!!!!

Со задоволство можам да истакнам дека расказот


го освои третото место на ЈАНУАРСКО - ФЕВРУАРСКИОТ - електролит конкурс. Исто така ќе биде објавен во ,,Маргина,, ( што всушност е мојата најголема сатисфакција).

Уште кога го презентирав на блогот напишав:

,,Нај дво, тро ( повеќе) смислениот расказ што сум го напишал.Повторно во еден вид експериментална форма.,,

Критиката пак на жирито( која навистина продре до сржта на идејата) е :

Гошевски Душко го заслужува третото место со кусиот расказ „Напреееед!!!“ во кој некој нејасен ентитет (да го наречеме народ, или да не ја откриваме веднаш пораката на расказот:) е во уште понејасно движење кон нејасното напред. Прекрасна метафора, успешно спастрена во само еден пасус или неколку редици текст, во кои авторот кажува сè, а сепак не толку многу да ни го разоткрие дуалното значење на пораката.

Со тоа е остварен еден мој сон, иако за некои ситен сепак многу драгоцен, кој ме исполнува и ме тера да продолжам напред.НАПРЕЕЕЕД!!!

П.С Иако мислев дека Љубовно крешчендо ( еротика) и Проклетството на четворката ( трилер/хорор) имаат берам еднакво исти шанси поради поинтересната ( но и покомерцијална) содржина.

5 коментари:

ribaro рече...

Дуле, Напред другарче и честитки. Уште повеќе кога излегува такво признание од Темплум. Тоа ти е демант на твојот неоснован сомнеж во себе. Се радувам, најискрено! :)
пс:
Опцијата за коментирање на blog.com.mk ти е блокирана

Dule varvar рече...

Фала, невистина ми е чудно кога ќе ме провалиш,(за сомнежот си 100% во право)

Bukarski рече...

честитки. да си дајш по едно =)

Polizei Pistole Kriminal рече...

Епа бравос! И не престанувај да пишуваш! Следен пат, прво место! :)

Arheoblog рече...

Браво Дуле. Јас малку доцнам со честитките, но од оправдани причини. :)

Постојат некои луѓе по блогосверава, кои е задоволство да ги читаш.

Археолошки дневник vol.1