сабота, октомври 21, 2006

Нова будала на нашето небо

Би сакал да се осврнам на една потреба која , според мене е насушна и која би требало да се земе во предвид.Кога велам да се земе во предвид , мислам на нас , маргинализираната маса.
Речиси во сите земји , во зародишот на некоja новонастаната состојба на општествено живеење има свои пропратни еLементи , односно поддржувачи. Речиси за се.Спорт , политика , лов и риболов, КНИЖЕВНОСТ , ИТН.
Едно од тие поддржувачи се наменските, специјализирани списанија. Кај нас ова е доста тенка и слабо оддржлива гранка ,но јас пишувам за сфера каде таа речиси и не постои.
САКАМ ДА ПРЕДУПРЕДАМ НА НЕМАЊЕТО СООДВЕТНО КНИЖЕВНО СПИСАНИЕ ВО МАКЕДОНИЈА.
Списаие кое треба да превземе дел од товарот наречен ширење на литературата , а со тоа и културата, култивирање на овој доста неписмен народ. ( Ова неписмен не е со навредлива конотација, туку буквално).
Во последните неколку дена вршев мало истражување за овој вид списанија кај нас.После долга и непродуктивна прошетка, сосем случајно ги најдов во една наша книжарница.Има три списанија од ваков вид. Во нив е претежно творештвото на наши попознати писатели и поети , некои анализи, извадоци од странски автори.Инаку цената е доста ,,солена,, односно по цена од 50 , 80 , и 100 денари. Како и да е ако некој сака да види за што станува збор ви препорачувам дека можете да ги најдете во книжарницата на табернакул.
Во однос на нивната содржина , би сакал да кажам дека се потребни на нашата интелектуална јавност но јас сум прилично незадоволен .
- Пред се тие го презентираат творештвото на веќе етаблирани автори кои имаат многу помал проблем во поглед на издавањето на нивните дела.
- Нема некој чекор со современите трендови на оваа гранка , односно едно те исто со тие војните , маките , проблемите дрн дрн.
На нас ни е потребно КОМЕРЦИЈАЛНО И РАСПРОСТРАНЕТО СПИСАНИЕ СО ДИСТРИБУЦИЈА НИЗ ДВЕТЕ ДРЖАВИ ( И СКОПЈЕ И МАКЕДОНИЈА)

- Нам ни е потребно списание кое нема да биде 98,7% творештво туку ќе го посочува читателот на одредени наслови , препораки.
- Нам ни е потребно списание кое ќе ги прати современите глобализаторски текови
- Списанието треба да содржи барем три - четири странски ревии од светски познатите списанија за книжевност
- Списанието треба да соработува со книжарниците и заедно да ги промовираат новите наслови како и нивните автори.
- Списанието треба да помогне во презентација на книгата надвор од Скопје каде што 60 % мислат дека книгите се досадни како лектирите и дека содржат описи на една соба од 5-6 страни.
- Треба да се обиде да го навлече читателот кон вредносната литература и да го оттргне од стереотипните бестселери. Или пак да ги посочи подобрите.
- Списанието треба да има своја интернет страна и форум кој ќе го опипа пулсот на читателите.
- Пропратнотреба да има посветено две три страни на музиката ( мислам на џез , рок ,класика, етно , електроска ) и филмот ( не само на холивудските блогбастери , туку на оние нови прекрасни европски филмови) со топ листи , рецензии и слично.
- Треба јасна жанровска класификација и претставување на делата
- Нам ни треба ПАТОКАЗ кон литературата , бидејќи не можам да ја најдам смислата во купување на списание за да го читам творештвото на некој , па ќе му ја купам книгата.Спиаснието треба да е застапено со 30 - 40 % творештво и тоа на млади писатели кои немаат можности за издавање.
- Обавезно вклучување на БЛОГ - ЗАЕДНИЦАТА како целина кон која ќе се стреми .
- Исто така таргетирање кон младите , наоѓање начин за да се придобијат. преку наградна игра ако треба.
- Списамието да не е поскапо од 30 денари колку што реално изнесуваат трошоците. Овде се и рекламите и книжарите кои треба да помагаат.
- Дистрибуција ширум земјата
Има уште многу елементи кои можат да се вметнат , и кои треба да се уредуваат. Може да послужи како компарација и странските списанија.
Сега уште да се најдат будали кои ќе сакаат тоа да го сторат со минимален ќар. Притоа да трчаат и да просат по фирми , фондации , влади .

ЈАС СУМ ПРВАТА БУДАЛА Има уште некоја?

2 коментари:

Фројд. рече...

Има, и тоа каква! Еве, јас :)

Денес го најдов твојот блог... деновиве сум пребукиран и не можам да најдам време, ама следната недела (се надевам) сигурно ти пишувам!

Dule varvar рече...

Ne znam kako da ti recam ama drago mi e sto si i ti ...
Те чекам, те чекам и се надевам.