петок, јуни 29, 2007

Студенти од внатрешноста

Заврши студентската година, ако ме разбирате.Не завршија испитите, не завршија предавањата или дополнителните активности , не заврши сесијата или барем не се радувам на тоа. Се радувам штп заврши студентската година. Да појаснам низ неколку точки

1. Денес утрото се разбудив со грда, погрда фаца од вообичаената. Собата беше хаос, мојата студентска соба на петтиот спрат без лифт. Почна најлошиот ден во студиската година. ( И први септември е лош но има некаква надеж во него, некако поинаков е)

2. Тркнав до обилните продавници, ги окрупнував парите од касичката, побарав кутии за пакување и големи кеси.

3. Дома пакував околу три часа i седнав да јадам бајат леб ( не се купува пресен леб последниот ден) и пржени јајца во маргарин наместо масло ( не е лошо). Подолго време ја тирев чинијата, немав сјај а не се купува сјај последните денови.

4. Откако се најадов ми олакна, седнав да одморам а и го немав оној кисел здив во устата, исчезна. Инаку вчера и денес не ги миев забите оти пастата сврши а никој ( прашајте слободно) не купува паста последниот ден.

5. Потоа дојде потешката задача, морав да ги мијам теглите што заостанале, околу петнаесет. Само четири имаа мувла и не мирисаа толку лошо како оние минатата година. Успеав да ги измијам но не можев да ги измијам пластиките, беа целосно упропастени од некој слој на мувла и бактерии. Ги фрлив.

6. Вкупно беа пет кутии, две торби и три поголеми кесиња. Немав место да го ставам шахот, верувале или не морав да го оставам. И картата на Европа. И еден парфем при крај.

7. Ме охрабруваат убавите мисли за наредниве месеци , за комплетот книги што го набавив пред крајот, за Солженицин со кој ќе се занимавам летово, со едицијата 20/21 век, па и малку со некои поопуштени трлилерчиња и филмови, мирот и спокојот на мојот град...

8. Иако се трудам да бидам писател не можам да ја опишам агонијата низ која поминав додека на 40 степени ги макнев торбите од едно до друго место, од еден до друг автобус за да ги испратам дома, дел по дел, две по три.Повеќепати одбиван, како и неколкумината што се со мене.

9. Сам слободен и лесен како пердув, слатко преморен седам во ( еве гледам 18.10 е часот) во студенстското интернет кафе и пишувам како го поминав најпосраниот ден од целата студентска година без деали, без ни малку да се приближам до вистинската мака што ја минувваме јас и уште 10 000 ченови на казнената експедиција наречена –студенти од внатрешноста.

среда, јуни 06, 2007

Не ми обраќајте внимание, бладам

Не може да се поедностави ниту да се симплимизира еден текст, без претходна висока интелектуална подготвоност на авторот. Не може да се постигне целосна , врховна синхронизација на мислата со текстот.Едноставноста е одлика на сложените. Убавината е во простотата. Оставањето на траг , пишан траг на хартија од страна на една индивидуа е заведување, жигосување на мислата и идејата но на еден префинет начин. Сиротата домородна класа, која не ги имала условите нивните господари да ги запишат нивните размисли, традиции, нивната историја секако, согореле, согорела како кандила.Виорот на култната вртимушка ги сотре духовните материи створени од нив. Толку за домородците.Баш ми е жал за нив.

Ме фасцинира претходното познание на големите идеолози, мислители, писатели. Односно големите визионери. Пишувале, твореле, создавале иако знаеле дека се понапред од времето, дека нема да бидат сватени, дека ќе бидат жигосувани,палени. Дека нивната работа може да заврчи на буништето на историјата, на таа голема гробница на великани.Но и покрај само свесноста, покрај свесното тонење во бездна секако не интелектуална, тие продолжувале. Твореле и пишувале, создавале и не прекинувале. Нема да ги објавувам, класифицирам или цитирам. Тоа е маленкост кон која пребегнуваат оние кои немаат своја мисла. Само ги земам за приемр.Не како утеха, далеку сум како нашите писатели што се далеку од светските. Светлосни години.

Друга ми е поентата. Овој текст нема да им се допадне на многумина. Како ни просто создадените и едноставните. Тогаш ШО КУР ТРЕБА ДА НАПИШЕ ЧОВЕК ЗА ДА ИМА ОДЕК ...

Не ми е наменет овој текст кон блогерската заедница, ниту кон домашната јавност, не е кон нашите писатели или академици сеедно, едноставно пишувам за вонземјаните...