понеделник, декември 04, 2006

Последен конкурс

Заврши и последниот електорлит конкурс за оваа година
Го објавувувам коментарот ( критиката) по повод расказите кои ги испратив. Мислењето кое е групно го објавувам поединечно за мене
Расказите кои беа испратени беа вака оценети :

,,расказите на Душко Гошевски, кои исто така би сакале да ги пофалиме и малку покудиме:) имаат сериозни мани. Ако во пишувањето, драги елитраши, ве води исклучиво скриената порака, ризикувате реалната приказна, онаа во прв план, да ви испадне неубедлива, проѕирна... Во литературата тоа е една од најопасните работи: „телефонирањето“, соголеното сугерирање и делење морални или естетски поуки, ставови итн. Работите треба да произлегуваат од веродостојноста на ликовите и дејствието, а не од однапред зададените „големи пораки“. Многу од расказите на гореспомнативе автори страдаат од самозаљубена, самосожалива и малкуцка скрибоманска здодевност, иако е несомнено дека авторите имаат сосема пристојно ниво на рефлексија и писменост.,,

вторник, ноември 07, 2006

готско-епска фантастика

Нешто на што се восхитувам , било земено како период , творештво , или уметност е готиката и епиката.Секако дека овие два правци се сосема издифиренцирани но не се поларизирани.Тие одлично се надополнуваат и испреплетуваат градејќи една целина која е неверојатно фасцинантна и прекрасна за мене.Ме опива, ме освојува , ме екстазира.
На мојот стар блог веќе пишував за готската музика како еден сегмент од целокупната , па би ја нарекол идеологија .Идеологија која е одраз на aтмосферата на скандинавските замоци, проткаени со готички елемент и помалку даркерска атмосфера.

Нејсе. Сега би сакал да се задржам на готско - епската литература.Тоа е спој , односно назив кој што можеби нема да го најдете на друго место, можеби не постои за другите но штом јас го перцепирам така постои за мене.
Можам да дрвам со материјали извадени од енциклопедии и библиотеки, но:
Зарем блогов не е место каде се изкажуваат лични согледувања и размисли.
Зарем блогов не е место каде што авторот ги искажува СВОИТЕ длабоки тајни и чувства?
Зарем не ве навредувам вас и вашите умствени способност ако ви пренесам податоци кои се лесно достапни?
Како и да е ме радува што се повеќе има изданиа од овој како и од чистиот епско-фантастичен жанр од кои повеќето за жал се на српски јазик.Односно освен ЕРАГОН и ГОСПОДАР НА ПРСТЕНИТЕ сите други се на ,, јазик различен од нашиот,,
Зборував за оваа тематика. Како роман кој што би ви го препорачал е серијалот
,, tocak vremena,, од Роберт Џордан - кој е во вкупно дванаесет дела од кои 11 се издадени во САД ( во Србија пет) а дванаесеттиот и последен авторот се уште го пишува

Следуваат страните поврзани со серијалот
http://www.laguna.co.yu/naslovi.php?id=63

http://www.dragonmount.com/


Има разни форуми и страни посветени на овој серијал, да не речам стана своевидна институција со обожаватели ширум светот.
Исто така човекот е и блогер
http://www.dragonmount.com/RobertJordan
Изданијата можете да ги најдете во речиси сите книжарници ширум скопје.Не можам да се посветам на содржината и да направам некоја анализа, барем не на начина како што beauty го прави тоа, бидејќи книгава е предлабока. Ќе ме голтне сопствената рецензија.Ова е епска фантастика проткаена со готски стил па ако ја читате ќе ме сватите што драгаскам цело време.
А и на крај сакам да пренесам дека и јас се обидувам да творам по нешто во овој стил но тешко оди.Тоа е слиучно како алкохоличар да работи во фабрика за алкохолни пијалоци и притоа да биде успешен.

Пробав со две песни

http://dukisbook.blog.com.mk/node/53472

http://dukisbook.blog.com.mk/node/38811


Па ќе ме интересира вашето мислење.



П.С. Инаку за готската музика имаше ,дебата на доста префинет и висок начин,, :

http://dinastija.blog.com.mk/node/38953

вторник, октомври 31, 2006

Будалата ќе успее?

Иницијативата за која пишував во претходниот пост ,, нова будала...,, полека добива облик ( материјален) односно , првите зраци на новата идеја со воздигаат од темната кора на општествениот гнилеж. Идејата има шанси да ја види светлината на денот.Патем неколку ,,засегнати,, и пред се имотни луѓе ( со идеи и волја) кој јас ги контактирав , ми даваат надеж дека ова може да успее. Јас се надевам дека во јануари следната година би требало да го држиме в рака новото списание за книжевност во МАКЕДОНИЈА.

сабота, октомври 21, 2006

Нова будала на нашето небо

Би сакал да се осврнам на една потреба која , според мене е насушна и која би требало да се земе во предвид.Кога велам да се земе во предвид , мислам на нас , маргинализираната маса.
Речиси во сите земји , во зародишот на некоja новонастаната состојба на општествено живеење има свои пропратни еLементи , односно поддржувачи. Речиси за се.Спорт , политика , лов и риболов, КНИЖЕВНОСТ , ИТН.
Едно од тие поддржувачи се наменските, специјализирани списанија. Кај нас ова е доста тенка и слабо оддржлива гранка ,но јас пишувам за сфера каде таа речиси и не постои.
САКАМ ДА ПРЕДУПРЕДАМ НА НЕМАЊЕТО СООДВЕТНО КНИЖЕВНО СПИСАНИЕ ВО МАКЕДОНИЈА.
Списаие кое треба да превземе дел од товарот наречен ширење на литературата , а со тоа и културата, култивирање на овој доста неписмен народ. ( Ова неписмен не е со навредлива конотација, туку буквално).
Во последните неколку дена вршев мало истражување за овој вид списанија кај нас.После долга и непродуктивна прошетка, сосем случајно ги најдов во една наша книжарница.Има три списанија од ваков вид. Во нив е претежно творештвото на наши попознати писатели и поети , некои анализи, извадоци од странски автори.Инаку цената е доста ,,солена,, односно по цена од 50 , 80 , и 100 денари. Како и да е ако некој сака да види за што станува збор ви препорачувам дека можете да ги најдете во книжарницата на табернакул.
Во однос на нивната содржина , би сакал да кажам дека се потребни на нашата интелектуална јавност но јас сум прилично незадоволен .
- Пред се тие го презентираат творештвото на веќе етаблирани автори кои имаат многу помал проблем во поглед на издавањето на нивните дела.
- Нема некој чекор со современите трендови на оваа гранка , односно едно те исто со тие војните , маките , проблемите дрн дрн.
На нас ни е потребно КОМЕРЦИЈАЛНО И РАСПРОСТРАНЕТО СПИСАНИЕ СО ДИСТРИБУЦИЈА НИЗ ДВЕТЕ ДРЖАВИ ( И СКОПЈЕ И МАКЕДОНИЈА)

- Нам ни е потребно списание кое нема да биде 98,7% творештво туку ќе го посочува читателот на одредени наслови , препораки.
- Нам ни е потребно списание кое ќе ги прати современите глобализаторски текови
- Списанието треба да содржи барем три - четири странски ревии од светски познатите списанија за книжевност
- Списанието треба да соработува со книжарниците и заедно да ги промовираат новите наслови како и нивните автори.
- Списанието треба да помогне во презентација на книгата надвор од Скопје каде што 60 % мислат дека книгите се досадни како лектирите и дека содржат описи на една соба од 5-6 страни.
- Треба да се обиде да го навлече читателот кон вредносната литература и да го оттргне од стереотипните бестселери. Или пак да ги посочи подобрите.
- Списанието треба да има своја интернет страна и форум кој ќе го опипа пулсот на читателите.
- Пропратнотреба да има посветено две три страни на музиката ( мислам на џез , рок ,класика, етно , електроска ) и филмот ( не само на холивудските блогбастери , туку на оние нови прекрасни европски филмови) со топ листи , рецензии и слично.
- Треба јасна жанровска класификација и претставување на делата
- Нам ни треба ПАТОКАЗ кон литературата , бидејќи не можам да ја најдам смислата во купување на списание за да го читам творештвото на некој , па ќе му ја купам книгата.Спиаснието треба да е застапено со 30 - 40 % творештво и тоа на млади писатели кои немаат можности за издавање.
- Обавезно вклучување на БЛОГ - ЗАЕДНИЦАТА како целина кон која ќе се стреми .
- Исто така таргетирање кон младите , наоѓање начин за да се придобијат. преку наградна игра ако треба.
- Списамието да не е поскапо од 30 денари колку што реално изнесуваат трошоците. Овде се и рекламите и книжарите кои треба да помагаат.
- Дистрибуција ширум земјата
Има уште многу елементи кои можат да се вметнат , и кои треба да се уредуваат. Може да послужи како компарација и странските списанија.
Сега уште да се најдат будали кои ќе сакаат тоа да го сторат со минимален ќар. Притоа да трчаат и да просат по фирми , фондации , влади .

ЈАС СУМ ПРВАТА БУДАЛА Има уште некоја?

четврток, септември 28, 2006

,,конкурсот,,

На електролит конкурсот , под капата на ,,Темплум,, испратив прозни раскази по прв пат , кои беа ( покрај блогот ) единствено место на кое го презентирав моето творештво. Ова е одличен начин за презентација и публикација на делата на младите автори во Македонија кои ја имаат мојата безрезервна поддршка, како авторите така и организаторите

Конкурсот заврши и ова е образложението на жирито
( ниеден расказ не е награден)

,,најкреативен и, да речеме, најсубверзивен му е расказот “Непрдливи а смрдливи”, но и другите негови раскази поседуваат полезни дози на бунтовништво и критичност, така што од Гошевски допрва очекуваме уште подобри раскази; слабост: непотребно комплицира, испраќа премногу пораки и премногу цинизам),,

Расказите што беа пратени на конкурсот на следните линкови линк

http://www.templum.com.mk/konkurs/aktuelno/08-2006/avtori-gosevski.htm#neprdlivi

http://www.templum.com.mk/konkurs/aktuelno/08-2006/avtori-gosevski.htm#zivotot

http://www.templum.com.mk/konkurs/aktuelno/08-2006/avtori-gosevski.htm#bezimeniot

http://www.templum.com.mk/konkurs/aktuelno/08-2006/avtori-gosevski.htm#novite

http://www.templum.com.mk/konkurs/aktuelno/08-2006/avtori-gosevski.htm#pekolot

четврток, септември 21, 2006

На повидок поет - или шутрак во залет

На другиот мој блог на кој го пренесувам моето скромно творештво штотуку постирав поезија пишувана во еден здив односно за неполни два часа.Поезијата е со општествена - реалистично геополитичка тематика и не се однесува на никој особено ниту овде ниту на глобално ниво.Тоа е, (јас го нарекувам) начин на искажување бунт што го пропагира ова модерно време односно искажување на своите чувства преку пишаниот збор или интелектуално цитирано демек ,,моќта е во перото,, .

Како и да е тоа се 13 песни кои градат една целина и затоа не се постирани одделно туку преку еден пост кој има почеток и крај.
И да завршам со една поговорка
- подобро да се спречи одколку да се лечи -

со што сакам да ве замолам да оставите комантари во случај ова да е неуспешен обид на еден од 50 000 македонски поети па да се сосече во корен додека не (сум ) залетал.


ПОЕЗИЈАТА ОВДЕ:

http://dulesbook.blogspot.com/2006/09/blog-post_21.html

среда, септември 20, 2006

СВЕТИ БАНКНОТИ

Една сосема немарна и наивна постапка на едно девојче е повод за моето негодување околу една доста непромислена постапка на нашиве државотворци.Ова воопшто не е некаков политички настроен пост.Ова е искажување на граѓанска згрозеност, од дела и постапки кои сите неприметно ги правиме и кои тивко провејуваат од нашите замаглени погледи и опстануваат неколку години.Добро стално се заборавам , но ете што е суштината.

Едно мило девојче кое не го знам и кое не верувам дека згрешило некому , една нетрескавична сабота се наведна и од чорапот извлече една банкнота.Сосем нормална појава кога сукњата нема џеб или ако не носи ташниче. И во друга држава не би предизвикала некој грев (своевиден) . Но не и во држава во која светците се на банкнотите.Така размислувајќи еве издвојувам неколку примери во кои некој длабок верник кој ги почитува светоста и духовноста на својата религија истовремено :

- Ги плакне рацете и притоа ги тера и своите деца по секој допир со парите ( светците ) да се измијат затоа што банкнотите се нечисти.

- Ги гужва или ги гази ако не ги види претходно

- Верник ова не би го сторил, но при кражба на пари се ставаат на секакви места низ телото и облеката

Има доста други примери кои ги гледаме но не ги разработуваме во нашите сиви келии и не го сваќаме гревот што го правиме спрема св. Архангел или Пресвета Богородица.

Не повикувам на чување на банкнотите сулудо е и просто , но секако како граѓанин сакам да го искажам моето незадоволство од ваквото решение на Народната банка и Парламентот.