Не ми се тропа, мислам не ми е до тропање. Не ми се расправа за нобеловци , букеровци,славкојаневци, вукдрашковци и сталепоповци. Едноставно без ,,нели, да бидеме сериозни. Имаме килава, полуписмена, недобро подготвена, младина. Со слаба книжевна основа со подлога која наликува на гнила распукана осовина од 101 која патем сеуште се вози надвор од ,,ветената земја,, .
Што ми е муабетов. Пред некој ден ( тоа значи можеби е и пред два месеца) влегувам во општинската библиотека. Порачувам - се од Хемингвеј. Ми носат скоро сите дела од него и се сеќавам како пред мене сега да излегуваат картончињата од првите страници.
- Од ,,Сонцето повторно изгрева,, или ,,Sun also rises,, izdadena posleden pat 1997
- Од ,,novelle,, издадена последен пат 1989
- Од ,,Снеговите на килиманџаро,, 2002
- Од ,,реката па во шумата,, - ПРВ
Ниеден не може да ми го заблажи или потсмири овој поразителен факт. Ниту новиот проект за превод на 60-тома досадна домашна литератута ниту некакви издавачки проекти за популаризација на книгата. Проблемот е структурален, домашен и чисто наш. Ние самите можеме да го решиме . Потребни се само неколку ситни работи.
Добра владина образовна политика, околу 2 милиони долари институционална и барем уште 5 милиони долари за структурална и неповратна помош, околу 10-15 години чекање на првите резултати, и уште 20 години агресивна книжевна политика за создавање на некаков слој на напредни, книжевно и литерарно освестени граѓани со истенчен вкус и добар уметнички видик. Ова е најоптимистичката ( и своевремено и најевтина) варијанта која можеби а најверојатно ( со оглед на подлогата) и нема да успее и ние понатаму ќе имаме темна книжевна судбина.
Потребни се векови и генерации и посебен ,,калем,, за оние што сите бараат и сакаат да го видат кај народот а тоа е уметничка префинетост и стабилна достоинствениост на која сите ќе се осврнуваат и повикуваат . Уште долго нема да ги дочекаме првите звуци на достоинствено кукурикање, петелот на нашата книжевна будност ние го колеме и од него уште долго време ќе правиме одлична семејна пилешка чорба, место да го чекаме да ги оплоди ... коковчињата.
Но сепак ако некојпат случајно, и само поради самоволноста и самонадградувањето на некои наши ентузијастички настроени писатели, успееме да се пробиеме кон ЗА ПРВ ПАТ балкаснкиот книжевен врв ( пр.НАШ КНИЖЕВЕН ТОШЕ ПРОЕСКИ) тогаш можеби некој ќе се заинтересира за некаково поддржување на литературната иднина кај нас.
Без да навлегувам во геополитичката или конспиративната визија која владее на нашите простори, јас само зборувам и пишувам за литературната сегашност без да напоменам за нашето балканско минато кое ете конспирацијата и светскиот заговор не ги спречи да ги ,,издаде,, - Мажураниќ, Крлежа, Андриќ, ... и воедно прогнозирам дека на балканскиот а и светскиот книжевен светилник допрва ќе блеснат НАШИ писателски светилки.
петок, октомври 19, 2007
Претплати се на:
Објави (Atom)