понеделник, декември 04, 2006
Последен конкурс
Го објавувувам коментарот ( критиката) по повод расказите кои ги испратив. Мислењето кое е групно го објавувам поединечно за мене
Расказите кои беа испратени беа вака оценети :
,,расказите на Душко Гошевски, кои исто така би сакале да ги пофалиме и малку покудиме:) имаат сериозни мани. Ако во пишувањето, драги елитраши, ве води исклучиво скриената порака, ризикувате реалната приказна, онаа во прв план, да ви испадне неубедлива, проѕирна... Во литературата тоа е една од најопасните работи: „телефонирањето“, соголеното сугерирање и делење морални или естетски поуки, ставови итн. Работите треба да произлегуваат од веродостојноста на ликовите и дејствието, а не од однапред зададените „големи пораки“. Многу од расказите на гореспомнативе автори страдаат од самозаљубена, самосожалива и малкуцка скрибоманска здодевност, иако е несомнено дека авторите имаат сосема пристојно ниво на рефлексија и писменост.,,
вторник, ноември 07, 2006
готско-епска фантастика
На мојот стар блог веќе пишував за готската музика како еден сегмент од целокупната , па би ја нарекол идеологија .Идеологија која е одраз на aтмосферата на скандинавските замоци, проткаени со готички елемент и помалку даркерска атмосфера.
Нејсе. Сега би сакал да се задржам на готско - епската литература.Тоа е спој , односно назив кој што можеби нема да го најдете на друго место, можеби не постои за другите но штом јас го перцепирам така постои за мене.
Можам да дрвам со материјали извадени од енциклопедии и библиотеки, но:
Зарем блогов не е место каде се изкажуваат лични согледувања и размисли.
Зарем блогов не е место каде што авторот ги искажува СВОИТЕ длабоки тајни и чувства?
Зарем не ве навредувам вас и вашите умствени способност ако ви пренесам податоци кои се лесно достапни?
Како и да е ме радува што се повеќе има изданиа од овој како и од чистиот епско-фантастичен жанр од кои повеќето за жал се на српски јазик.Односно освен ЕРАГОН и ГОСПОДАР НА ПРСТЕНИТЕ сите други се на ,, јазик различен од нашиот,,
Зборував за оваа тематика. Како роман кој што би ви го препорачал е серијалот
,, tocak vremena,, од Роберт Џордан - кој е во вкупно дванаесет дела од кои 11 се издадени во САД ( во Србија пет) а дванаесеттиот и последен авторот се уште го пишува
Следуваат страните поврзани со серијалот
http://www.laguna.co.yu/naslovi.php?id=63
http://www.dragonmount.com/
Има разни форуми и страни посветени на овој серијал, да не речам стана своевидна институција со обожаватели ширум светот.
Исто така човекот е и блогер
http://www.dragonmount.com/RobertJordan
Изданијата можете да ги најдете во речиси сите книжарници ширум скопје.Не можам да се посветам на содржината и да направам некоја анализа, барем не на начина како што beauty го прави тоа, бидејќи книгава е предлабока. Ќе ме голтне сопствената рецензија.Ова е епска фантастика проткаена со готски стил па ако ја читате ќе ме сватите што драгаскам цело време.
А и на крај сакам да пренесам дека и јас се обидувам да творам по нешто во овој стил но тешко оди.Тоа е слиучно како алкохоличар да работи во фабрика за алкохолни пијалоци и притоа да биде успешен.
Пробав со две песни
http://dukisbook.blog.com.mk/node/53472
http://dukisbook.blog.com.mk/node/38811
Па ќе ме интересира вашето мислење.
П.С. Инаку за готската музика имаше ,дебата на доста префинет и висок начин,, :
http://dinastija.blog.com.mk/node/38953
вторник, октомври 31, 2006
Будалата ќе успее?
сабота, октомври 21, 2006
Нова будала на нашето небо
Речиси во сите земји , во зародишот на некоja новонастаната состојба на општествено живеење има свои пропратни еLементи , односно поддржувачи. Речиси за се.Спорт , политика , лов и риболов, КНИЖЕВНОСТ , ИТН.
Едно од тие поддржувачи се наменските, специјализирани списанија. Кај нас ова е доста тенка и слабо оддржлива гранка ,но јас пишувам за сфера каде таа речиси и не постои.
САКАМ ДА ПРЕДУПРЕДАМ НА НЕМАЊЕТО СООДВЕТНО КНИЖЕВНО СПИСАНИЕ ВО МАКЕДОНИЈА.
Списаие кое треба да превземе дел од товарот наречен ширење на литературата , а со тоа и културата, култивирање на овој доста неписмен народ. ( Ова неписмен не е со навредлива конотација, туку буквално).
Во последните неколку дена вршев мало истражување за овој вид списанија кај нас.После долга и непродуктивна прошетка, сосем случајно ги најдов во една наша книжарница.Има три списанија од ваков вид. Во нив е претежно творештвото на наши попознати писатели и поети , некои анализи, извадоци од странски автори.Инаку цената е доста ,,солена,, односно по цена од 50 , 80 , и 100 денари. Како и да е ако некој сака да види за што станува збор ви препорачувам дека можете да ги најдете во книжарницата на табернакул.
Во однос на нивната содржина , би сакал да кажам дека се потребни на нашата интелектуална јавност но јас сум прилично незадоволен .
- Пред се тие го презентираат творештвото на веќе етаблирани автори кои имаат многу помал проблем во поглед на издавањето на нивните дела.
- Нема некој чекор со современите трендови на оваа гранка , односно едно те исто со тие војните , маките , проблемите дрн дрн.
На нас ни е потребно КОМЕРЦИЈАЛНО И РАСПРОСТРАНЕТО СПИСАНИЕ СО ДИСТРИБУЦИЈА НИЗ ДВЕТЕ ДРЖАВИ ( И СКОПЈЕ И МАКЕДОНИЈА)
- Нам ни е потребно списание кое нема да биде 98,7% творештво туку ќе го посочува читателот на одредени наслови , препораки.
- Нам ни е потребно списание кое ќе ги прати современите глобализаторски текови
- Списанието треба да содржи барем три - четири странски ревии од светски познатите списанија за книжевност
- Списанието треба да соработува со книжарниците и заедно да ги промовираат новите наслови како и нивните автори.
- Списанието треба да помогне во презентација на книгата надвор од Скопје каде што 60 % мислат дека книгите се досадни како лектирите и дека содржат описи на една соба од 5-6 страни.
- Треба да се обиде да го навлече читателот кон вредносната литература и да го оттргне од стереотипните бестселери. Или пак да ги посочи подобрите.
- Списанието треба да има своја интернет страна и форум кој ќе го опипа пулсот на читателите.
- Пропратнотреба да има посветено две три страни на музиката ( мислам на џез , рок ,класика, етно , електроска ) и филмот ( не само на холивудските блогбастери , туку на оние нови прекрасни европски филмови) со топ листи , рецензии и слично.
- Треба јасна жанровска класификација и претставување на делата
- Нам ни треба ПАТОКАЗ кон литературата , бидејќи не можам да ја најдам смислата во купување на списание за да го читам творештвото на некој , па ќе му ја купам книгата.Спиаснието треба да е застапено со 30 - 40 % творештво и тоа на млади писатели кои немаат можности за издавање.
- Обавезно вклучување на БЛОГ - ЗАЕДНИЦАТА како целина кон која ќе се стреми .
- Исто така таргетирање кон младите , наоѓање начин за да се придобијат. преку наградна игра ако треба.
- Списамието да не е поскапо од 30 денари колку што реално изнесуваат трошоците. Овде се и рекламите и книжарите кои треба да помагаат.
- Дистрибуција ширум земјата
Има уште многу елементи кои можат да се вметнат , и кои треба да се уредуваат. Може да послужи како компарација и странските списанија.
Сега уште да се најдат будали кои ќе сакаат тоа да го сторат со минимален ќар. Притоа да трчаат и да просат по фирми , фондации , влади .
ЈАС СУМ ПРВАТА БУДАЛА Има уште некоја?
четврток, септември 28, 2006
,,конкурсот,,
Конкурсот заврши и ова е образложението на жирито
( ниеден расказ не е награден)
,,најкреативен и, да речеме, најсубверзивен му е расказот “Непрдливи а смрдливи”, но и другите негови раскази поседуваат полезни дози на бунтовништво и критичност, така што од Гошевски допрва очекуваме уште подобри раскази; слабост: непотребно комплицира, испраќа премногу пораки и премногу цинизам),,
Расказите што беа пратени на конкурсот на следните линкови линк
http://www.templum.com.mk/konkurs/aktuelno/08-2006/avtori-gosevski.htm#neprdlivi
http://www.templum.com.mk/konkurs/aktuelno/08-2006/avtori-gosevski.htm#zivotot
http://www.templum.com.mk/konkurs/aktuelno/08-2006/avtori-gosevski.htm#bezimeniot
http://www.templum.com.mk/konkurs/aktuelno/08-2006/avtori-gosevski.htm#novite
http://www.templum.com.mk/konkurs/aktuelno/08-2006/avtori-gosevski.htm#pekolot
четврток, септември 21, 2006
На повидок поет - или шутрак во залет
Како и да е тоа се 13 песни кои градат една целина и затоа не се постирани одделно туку преку еден пост кој има почеток и крај.
И да завршам со една поговорка
- подобро да се спречи одколку да се лечи -
со што сакам да ве замолам да оставите комантари во случај ова да е неуспешен обид на еден од 50 000 македонски поети па да се сосече во корен додека не (сум ) залетал.
ПОЕЗИЈАТА ОВДЕ:
http://dulesbook.blogspot.com/2006/09/blog-post_21.html
среда, септември 20, 2006
СВЕТИ БАНКНОТИ
Едно мило девојче кое не го знам и кое не верувам дека згрешило некому , една нетрескавична сабота се наведна и од чорапот извлече една банкнота.Сосем нормална појава кога сукњата нема џеб или ако не носи ташниче. И во друга држава не би предизвикала некој грев (своевиден) . Но не и во држава во која светците се на банкнотите.Така размислувајќи еве издвојувам неколку примери во кои некој длабок верник кој ги почитува светоста и духовноста на својата религија истовремено :
- Ги плакне рацете и притоа ги тера и своите деца по секој допир со парите ( светците ) да се измијат затоа што банкнотите се нечисти.
- Ги гужва или ги гази ако не ги види претходно
- Верник ова не би го сторил, но при кражба на пари се ставаат на секакви места низ телото и облеката
Има доста други примери кои ги гледаме но не ги разработуваме во нашите сиви келии и не го сваќаме гревот што го правиме спрема св. Архангел или Пресвета Богородица.
Не повикувам на чување на банкнотите сулудо е и просто , но секако како граѓанин сакам да го искажам моето незадоволство од ваквото решение на Народната банка и Парламентот.
понеделник, септември 18, 2006
Игра (или не)
Ако имате вишок време и ако сакате да ја разбиете монотонијата пронајдете што е можно повеќе грешки во следниот линк
http://en.wikipedia.org/wiki/Category:Bulgarian_writers
Потоа ако успешно ја завршивте загатката следува нова игра .Тоа е пронајдете ги недостатоците:
http://en.wikipedia.org/wiki/Category:Macedonian_writers
Ви благодарам за учеството...
сабота, септември 16, 2006
интернет КАФЕ( само кафето вреди)
Паузите се добри за обнова на духот на авторот ( или уметникот сеедно), за полнење на батериите ( гадна фраза според мене) или пак за барање инпирација.
Не бе, ова горенаведеното е обид да се скрие авторската криза, или со други зборови, седење пред компјутер , машина и гледање во мониторот додека не ти се насолзат очите.
Се случува да, но овде имате и друг вид на пауза.Тоа е случај можеби фантастичен во некои развиени земји, но овде е реалност а тоа е ДА НЕМА ИНТЕРНЕТ ЕБАГО.Да не може човек да дојде асален компјутер и да пренесе веќе напишаното кое стои на флопи. И штое уште потрагично , тоа се случува поради моето преместување во СКОПЈЕ ( почна новата студентска надежна година).
Да не оптегам , да не раврзувам каде нема интернет ( да го ебам немат кабел асален) каде нема флопи на компјутерите, каде паднала мрежата, каде не отвара некои страни.Велат во Трнодол имало добро кафе.
Многумина имаат пишувано до каде сме на нивата на технологијата, комуникациите , на интернетот. Е дотука.Половина главен град обрнав да најдам асална конекција. Е до таму се.Не ме убедувајте со некои нови закони, проекти ,програми, и слични бљувотињи оти за никаде сме. Сега откако најдов добро место за одржување на ова можеби утопитичко надежен начин на творење ќе се потрудам ангажманот да не биде залуден
четврток, септември 07, 2006
превезот на смрдливата глобализација
Дали повеќе ве интересира озонската дупка над Нов зеланд или судните маки на нашите стиденти.
Дали повеќе ве интересира падот на њујоршката берза од пукањето во луѓе во строгиот ( културен и историски ) центар на градот.
Дали повеќе ве интересира сушењето на ретките кактуси во Тексас од откривањето на тајните за нашите татковци и дедовци , чичковци и вујковци, односно дали биле шпиони или борци за каузата ( да ви ја ебам каузата ).
Сето ова ( првите наведени примери) можете да ги најдете во нашите дневни весници , во нашите медиуми , во нашите магазини.
Ова второто , требаше да н(в)и биде пренесено преку алтернативните патишта за реалниот животен проток на нашите ситни млади души.Проток , затоа што тој микроскопски процеп дозволува од нас да излезе само малограѓанштината , а останатото ( ако го има) некако има суспензивна надмоќност и става вето ( ебате политиката шо ми стори ) на нашите напредни мисли.
Цицка , Гз ,пичка - и еве ви непресушна тема. Па де бре луѓе на мислење сум дека има хиперактивно покачување на дркаџиите и дека девојките ги ,,стиснале,, за некои Грци и други слични европејци.На крај краеви стави го во топла вода.
Македонија ( посебно сега ) е неисцрпна инспирација за творење , журнализам , драматични секојдневни па би рекол и срцепарачки ситуации.Наместо да се помогне, актуелизира оваа страшно невреме што не зафати , ние сме сериозно загрижени за Бритни и нејзиниот целулит.
Не барам совест.Барам човечност.
Не барам пари. Но ги бараат другите.
Не барам шанса за мене.Наполно сум свесен дека самиот треба да си ја создадам.Барам за другите, несвесните...
Не мислам да го спасувам општеството. ,,Не се обидувај,, стои на надробната плоча на еден книжевен великан.Великан кој пишувал за подолниот сталеж. За гнилоста на ова ,, демократско ,, уредување .Да се помочам на уредувањето пропратено ,, рамковно ,, со услов-слободна пазарна економија.
Не мислам да го спасувам општеството.Сакам да ви порачам дека не можете ни вие. Само ЕДЕН може.Но обидете се да си ја исчистите гнасната ви ( ми ) душа.За спокој За мир .
Не мислам да го спасувам општеството. Можеби книжевноста ( македонска).
Не мислам да го спасувам оштеството. Не заслужува.
Но мислам да го менуваме постојново. Кон создавање здрава , природна , и пред се хармонична средина за нашиот народ.
вторник, септември 05, 2006
Десеттина звезди во мракот
Дали Дарвин е најпознатиот истражувач на видовите ( и најдобриот )
Дали Тесла е најпознатиот иноватор од областа на електричната енергија ( и најдобриот )
Дали Џордан е најпознатиот кошаркар ( и најдобриот )
Дали Микеланџело е најпознатиот ренесансен уметник ( и најдобриот )
Дали Вуна , Букаро , Анти се најпознатите македонски блогери ( и најдобрите )
Доколку некој е основоположник и креатор на некоја поинаков и доста застапен правец, а притоа тој правец доживее процут и медиумска експонација, не може да му се негира заслугата. Ако не е инвентивен , интересен , квалитетен нема ни да го познаваме. Нема да го читаме , нема да го тангираме.
Што сакам да кажам.Македонската драматургија има одлични драмски претстави , во иднина можеби и подобри но, ЧЕРНОДРИМСКИ Е ЧЕРНОДРИМСКИ. И ( зборувам за последната дебата) ако алтернативата на овие и уште десеттина блогери се оние кои што додаваат ,, Па што ако си добар , не мора да ми солиш памет ,, ќе одлучам моето внимание засега и да ми остане на овие неколкумина. Повеќе не мислам да пишувам за блогерајов , самоподвлекувам една ЦРТА, односно заокружувам една целина , пред да продолжам понатаму.
П.С Ако некој има замерка од типот ,, тие не го измислија блогот ,, ни Џордан не ја измисли кошарката.
недела, септември 03, 2006
македонски ( странски ) жаргон
,, Македонија е колевка на културата.Нашите Кирил и Методи ( сесловенските просветители ) ја описмениле цела источна Европа ( и пошироко ) и извршиле огромно влијание врз развитокот на културата во светската цивилизација.Знаете Охрид е европскиот Ерусалим.
Со ова и јас се согласувам но што се случува во речиси сиот преостанат простор каде полуписмени и неписмени имаат право на медиумско внимание. Ова се нивните ( на Кирил и Методи) потомци:
Сакис usualy беше прекрасен
Тој беше cool цела ноќ.
Ова е многу stupid-но од ваша страна
Денес одам онака free на факс!?
Овој exampler- р беше земен за анкетата што ја спроведовме.
Го виде оној freack-от денес?
Не можам денес ќе ми дојде cousin- от на гости.
Што? O my GOD, не ми се верува.
Ваков trash не ми треба.
Е мој другари ( пардон господа) не сте курнази ако сте научиле понекој странски ( англиски ) збор и го пикате и кај што треба и кај што не треба.Курнази сте ако влијаете да се зачува нашиот јазик, нашиот литерарен бит, нашата јазична компонента и ја вметнувате на што попрефинет начин во текстовите , дијалозите, коментарите. Секако не како наши постари писатели кои пак пребегнуваат кон некои мутирани изрази.Вака се разбира некако нивното пак никако.Да се усовши некоја наративна техника со постојниот јазик , тоа е за пофалба. Де ако сте толку учени вметнете ЛАТИНСКИ па да ве видам. Најжални се пак тие кои ,,утепуваат,, со вакви изрази а притоа се чукаат во градите кога ќе се спонме МАКЕДОНИЈА демек патриоти де.Повторно ќе ме ,,растрите,, поради ваков пост , не за друго туку затоа што ве има во се поголем број.Затоа не го сваќајте ова како кавгаџиски фрлена ракавица, туку како добронамерен совет.
,,ZOON POLITIKON,, во наша тава
Спортската прогноза , популарно наречени кладилници ( за нив друг пат)
Политиката ( за неа сега и ОВДЕ)
Страшна е политичката зависност на целокупната македонска јавност, а исклучок не е ни блогерајов.Воопшто несватлива е гладта и жедта на нашиот народ за коментирање или толкување на дневно политичките активности( глупости) .
Од 1991 година хиперактивно се зголемија загорените манџи, неисцепаните дрва, неиспрсканите лозја ( или само ради реда) неписменоста на децата ( не ги кривете учителките скотови мрзеливи) ,. Малограѓанштина и простаклук од највисок степен. Нашиот народ бил паметен и бистар.Не е точно , ГЛУПИ СМЕ КАКО АВИОНСКА САЈЛА. Како само се насладуваат кога ќе навредат некој политичар од спротивниот табор, како само искачени на тракторите го веат барјакот на партијата, чиниш син му се родил.
О боже што се случува.Дали едно новороденче заслужува татко му повеќе да се радува на победата на неговата партија , одколку на неговото раѓање?
Дали ученикот кој учи во иста соба каде што се јаде, пие и спие, заслужил да биде истеран на улица со другарчињата, за неговите родители со дојденците да дискутираат за составот на новата влада?
Дали може родителите да го малтретираат детето со тоа што го одбележуваат со партиските маички , симболи , понегогаш и влечење кон митинзите до доцните вечерни часови?Го оставате детето бес сон бре ТОПУЦИ
А што велите на шамарењето или ќотекот ако детето ја навреди партијата?
А што велите на рециталот на едно 12 годишно дете кое го изговара составот на владата ( со мали поправки од мајката) пред роднините? И следи аплауз? На времето рецитиравме песнички.
Мрачната политичка КУРВА го обви нашето секојдневие, не растргна, брат со брат се испокараа, комшии со комшии се испотепаа. Размислував за народот во СОДОМА и ГОМОРА.Можеби се оддале на ваков политички начин на живот па ги стигнала казната.
Првично сакав да пишувам за политиката на блоговите . Политиката која е застапена на блоговите ме плаши поради тоа што не е некоја сериозна опсервација, некое сумирано гледиште , воопшто нема некоја идеолошка матрица. Тоа е само суво плукање по одредени политичари, напади без поткрепени факти, односно пренесување на пишувањата во одредени медиуми или ( уште полошо) пренесување на комшиски муабети.Зар до толку се потценуваат креаторите на политичките блогови па нам познатата малограѓанштина ја пренесуваат и низ своите постови.Со тоа ја покажуваат својата неукост, својата политичка незрелост и неможнста да се создаде вистинска ( ако сакате и авангардна) критичка маса, критичко мислење и со тоа да се влијае врз политичките текови во нашето општество.Вака само се одраз на несериозноста на македонската интелектуална ( блогерска мисла) .
Но при вакви деморализаторски секојдневни примери, дали е потребно да пишувам повеќе?
САЛМАН РУЖДУ
Еве како за почеток на кратко изведив нешто од неговата биографија:
Роден е 1947 година во Бомбај. Се школувал најпрво во Индија потоа на ,,Кембриџ ;; во Британија бла бла бла... Можам да ги наведам и неговите награди ама за мене тоа е апсолутно небитно. Неговите романи се
Најнов е ,,Шалмар кловнот,, од 2005 година. Владимир Цветковски одлично го претстави во еден наш дневен весник , под интересен наслов ,, Антологија на непреведен роман,,( ха , ха одлично)
,, Гримус ,, 1971
,,Деца на ноќта ,, 1981
,, Срамота ,, 1983
,,Харун и море приказни ,, 1990
и секако нај контроверсната, најдрската , книгата што предизвика експлозија во муслиманскиот свет, книгата поради која му е уценета главата од скоро сите исламистички организации во светот. ,,Сатански Сихови,,.Далеку од тоа јас да надзирам во моралниот поглед на ова негово дело , во неговата суштина или пак во оправданоста да се распламтуваат нечии страсти. Друго ми е несвојствено.Тој е најпознат токму по ова контроверзно издание а има едно дело , односно збирка на раскази , ( многупати ми е препорачано) кое се уште не можам да го најдам а се вика ,, ИСТОК,ЗАПАД,, Според неколку реномирани книжевници ( иако тоа не ми е некое мерило) со овој роман ги спојува и разделува Истокот и Западот и сето тоа на еден начин пропратен со многу хумор.Мислам дека вреди да му се обрне внимание.Јас ќе ја најдам некако но ова нека биде еден апел до издавашите и Министерството за култура , да не мора наредните генерации по цел ден да ги бараат нелегалните web страни за симнување на бесплатни книги.
,, О ТЕХНОТО,,
,, За вкусовите не се расправа ,,
Се расправа и тоа како се расправа
И уште една :
,, Секој има право на свое мислење,,
Оваа втората својата експанзија ја доби со нашите морбидни и кретенски реални шоуа и со нивните дебилни водителки.Туку друго сакав да кажам. Секој има право на мислење ама ако тоа мислата не му вреди 100 грама капини зошто па јас да му ја почитувам. И еве дојдовме во воведот. Ако некој сака да ја класифицира ова моја во сторија во Музика ве молам немоте.Музиката и ТЕХНОТО немаат ништо заедничко.
Многумина се запрашале што би било доколку би абортирала мајката на Хитлер. Јас се прашувам што би било ако би абортирале мајките на . Кевин Саундерсон, Хуан Еткинс и Дерик Меј. Дали кога ќе влезев во некој бар ќе се опуштев со некој евергрин, блуз или кантри музика. Дали кога ќе појдев во диско ќе го слушав стариот добар рокенрол, дали на крајбрежните шанкови ќе ги гледав половините на девојките како се кршат на самбата или на другите латински танци. Дали кога ќе си дојдев дома немаше главата да ми биде како ТАПАН. Оние јалови ритмичко сиромашни звуци што бијат во главата како камбана се најголемото СРАЊЕ на денешнава музичка сцена.
Не слушам РАП ама поштувам.Не слушам R&B ама поштувам.Ова тингарање не мошам да го смислам. Три четири типки по компјутерската програма и еве песна ( простете што ја нареков така) . И ај ве молам објаснете во што е разликата меѓу КАРЛ КОКС и DJ БАБУРА.Исто , потполно исто.Едниот зема илјадници евра другиот стотици за едно гостување Исти перформанс , исти амбиент , исти последици ( зуење како некој да ти чукал по клунците на оџакот цела вечер) .
И де ве молам објаснете , оти јас не знам, како жити се ги распознавате песните ( простете пак) . И дури избираат хитови. Ејгидиииии.
И што е најчудно има и посебни техно правци.Есид техно , амбиент техно , хардкор техно , прогресив техно , се на се канализација техно.
Без никаква мелодичност , без никакво индивидуално творештво, овој ЗВУЧЕН правец си има свои приврзаници кои ,,многу го сакаат , слушаат , скокаат ,, а не им пречи за 20 минути да се свртат на турбофолк скокајќи по масите и лепејќи пари на певаљките.СКОПЈАНИ не ме убедувајте дека ова е провинциски кичерај ви се случува и на вас во сред БИСЕР.О колку бедно звучи...
И за крај една техно песна ( слоб.прев)
ТИ ТИ ТИ ТАК ТАКА Т АТАТА ЗИГИ ГИЗИЗИЗСААС ЕТЕ ТЕ ЕТ ЕТ ЕТУ ТУ ТУТ Т ТУ ТУТ ТУТУТ Т Т
Рефрен :
ТУП ТУП ТУ ТУ ( убрзано) ТУПСА ТУПСА ТУПСА ТАП....
КУЛТУРНА ( ДУХОВНА ) РЕВОЛУЦИЈА
За почеток а во контекст на постот би сакал да цитирам една мисла ( повеќе предговор) од брилјантниот роман на Умберто Еко ,,Името на розата,,
„Ако некој сака да влезе во манастир и да престојува во него седум дена, мора да се прилагоди кон неговиот животен ритам. Така и читателот, мора да ги издржи првите стотина страници. Во спротивно, нема да смогне сили да ја прочита целата книга. Според тоа, ова е покајувачката и иницијациската функција на првите стотина страници, па кому не му се допаѓаат, негов проблем, ќе си остане во подножјето на ридот. Влегувањето во еден роман е исто како одењето на излет во планина: неопходно е човек да научи да дише, да го држи чекорот, инаку брзо ќе застане.“Умберто Еко
Ако малку ја анализираме оваа негова би ја нарекол теорија секако би констатирале дека доста длабоко продира и во најправилно наречено уметноста на живеењето. Без да се осврнам на практичниот совет што го дава ( човек цел живот работи за да живее во пензионерска благосостојба), мислам дека ако ние принесеме жртва во животот која би проголтала поголем дел од нашата младост би можеле да го усовршиме нашиот понатамошен живот. Знам дека забегувам од контекстот на ЕКО но и во мојава теорија контурите се тие. На една поодмината ( подоцнежна ) фаза од нашиот живот се губи смислата на животниот елексир.И пак практично - возрасниот човек го јаде секојдневното животно сивило.Животното сивило не е присутно само кај нас туку во целиот универзум , човековата ненаситност е вметната во неговиот генетички код. Попластично да објаснам со една наша народна мудрост ,, човек учи додека е жив ,, но ,,железото се кове додека е жешко,, .
Потребна е револуционерна реформа на образованието уште во почетните стадиуми на образованието. Вметнување на древните вештини на живеењето кои монасите од источната цивилизација љубоморно го чуваат. ШАО ЛИН - ски циклус кој како ..baterfly efect,, ќе се прошири кон целиот свет. Иако модерниот свет сака да продре кон овие источноцивилизациски вредности единственото што успеа да го ископа е кама сутра уметноста на љубовта и фенг - шуи, уметноста за хармонија на домот. А нивната мудрост е толку длабока...
Ова е претежно демагошка теорија но не мора да се осврнеме само на источната мудрост. Ренесансното учење од 15-тиот век е уште една добра причина за капацитетот што го има и ова европска цивилизација , и надеж за наредните генерации кои како нас ќе претрпат транзиција , преродба, реформа но духовна... Тоа е единствениот начин за остварување на идеалот на еден наш голем револуционер но уште поголем идеолог ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
,, ЈАС СВЕТОТ ГО ГЛЕДАМ КАКО ПОЛЕ ЗА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР МЕЃУ НАРОДИТЕ,,
ЧЕКАЈЌИ ЈА ЗОРАТА
Како исфрустриран ирвас сум поразен во неодамнешна битка , заглавен во ова време.Време во кое се ти е подарено на тацна. Баш ме заинтригира еден коментар на Кастро во кој запрашан за забраната на компјутерите во Куба одговара дека не може да ја најде смислата во свет во кој сета хуманоидна историја е складирана во неколку ЦД-а.Далеку од тоа дека неговата реакција се одразува на моралниот поглед на денешниот свет, напротив доста јасно е од каде потекнува и што штити неговата забрана.
Друго се думам. Не можам да се сетам чија е оваа мисла ( мислам дека е многу многу стара ) дека човековото око е ненаситно.Со неколку типки на персоналецов ми се отвара целиот поглед кон светот , толку голем што моите зеници ( рам-от) се претесни за да го обработат а мојот хард диск ( мозокот) не може да го процесуира. Можеби и затоа мојот монитор ( очите) светка црвено - ,,error,, .Не можам да го видам хоризонтот. Предалеку е. Не мислам на оној хоризонт кога на google пишиш rainbow и излегуваат сликите. Мислам на вистинскиот, оној надвор кој бил инспирација на цела плејада писатели. Можеби и затоа еден романсиер како мене четири месеци не може да напише повеќе од 20-тина страни. Затоа пак на реалистите чад им излегува од тастатурата пишувајќи за проституцијата, блудот, инцестот, деликвенцијата.Уште долго ке трагам по инспирацијата но нема да дозволам декаденцијата да влезе во моите страници па ако треба уште 20 години да ги пишувам романот. Кога ке ја види светлината на денот ( ако дотогаш сонцето не изгори) ке биде плод на љубовта , светлината , пејзажите и убавината,.
Макар тогаш бил и научна фантастика
( ПОСТОВ Е ПИШУВАН РЕЛАТИВНО ПОРАНО , ПА ИМА ИЗМЕНИ ВО СИВИТЕ КЕЛИИ НА АВТОРОТ)
ГОТСКА МУЗИКА ( МЕТАЛ)
Готската приказна започнува уште вои раните 80-ти но вистинското издвојување и осамостојување како правец е 10-тина години подоцна. Едни од зачетниците се шведскиот Therion и норвешката Tristania. Фузијата односно спојот помеѓу симфонијата и метал музиката бурно е одбележана во тамошната музичка јавност. Мислежата се контардикторни и поларизирани.Иако подоцна доаѓа до одвојување и на овие два подстила, ( Готски метал и готски doom метал) ова е почетокот на една нова музичка ера која има се повеќе и повеќе приврзаници( вклучувајќи ме и мене) . Секако има и моќно покровителство во мрачната даркерска атмосфера, идеологијата на готиката, сликовитата ледена слика на скандинавските дворци, и сума сумарум имаме одлична и заокружена целина.
Секако голема тема за објаснување но еве на еден пократок начин се обидов да ја пренесам сликата од оваа фасцинантна музика.
ЗА МАКЕДОНЦКИТЕ ПИСАТЕЛИ
Се мислам да дадам предлог ко креаторите на казнениот закон при идната промена , да внесат казнена одредба
... тој што ќе изврши казнено дело ххх се осудува на читање три македонски книги ( докрај ) и на ххх години затвор. ...
Се кладам дека ако при правото на жалба може да се определи само за една казна ќе бара намалување на фондот на книги.
Секако селекцијата треба да биде ,,стручно ,, извршена бидејќи има и доста квалитетни книги и писатели и не би сакал да ги генерализирам и да ги ставам во една целина. Исто така едно време бев се соживеал со фактот дека едноставно нема талентирани писатели овде.Ништо страшно BIG DIAL ШТО ВЕЛАТ СЕГА КУРНАЗИТЕ ШТО НАУЧИЛЕ ДВА ТРИ ЗБОРА СТАНСКИ ЈАЗИК,( ги вметниваат и кај что треба и кај что не ги собира) а притоа се палат на вакви текстови патриотски штитејќи си ја македонштината.Но друго сакав да кажам.Во последно време , односно сега кога со појавата на блоговите ни се достапни творештвата на помладите македонски автори , и одредени ( секако малкумина) ми се бендисаа. Иам нечто. Замислете ги тие млади и надежни писатели кога би биле поддржани и би добиле подобри услови за работа ( лап - топ, книжевни саеми и форуми, ). Ова ќе го ,,оштети,, нашиот буџет за една телефонска сметка за заменик подсекретар во агенцијата за лов и риболов.Замислете го апсурдот да се даваат пари од министерството за култура на писатели кои допрва ќе ја пишуваат книгата. Сестро ЛИБЕРИЈО ова и кај тебе го нема( инаку во либерија првиот роман е излезен 1937 кај нас една декада подоцна) .А ако писателот е академик ( демек тежи ) и му ги откупуваат и ги донираат во библиотеките. А тие се пак друга приказна.
Сега малку од поблизу.Грото односно 80% од постарите писатели пребегнуваат кон некои мутирани и неразбирливи зборови кои не постојат во македонскиот јазик:Со нив особено сакаат да се перчат на промоциите. Порано како мал кога сите гледаа цртани, а јас ги гледав седниците на собрание ( поинтересни ми беа) на вестите на МТВ даваа промоции.Мислев дека зборуваат на друг јазик а тој да ти бил нашиот , македонскиот.Нејсе... Фразите кои ги користат им се излитени и воопштени до граници на имагинација( посебно за поезијата) .Како уметничка слика.Кој како сака така си ја разбира.Романите немаат никаква колуминација , а расплетот, чекај чекај кој расплет.Расплет НЕМА! Има крај ама не и расплет.
Ова може и самите како мал експеримент.Почнете да пишувате расказ без наслов и посебно кога немате инспирација.Обидете се да составите целина , заокружен текст со ликови , тема , содржина и поента. Нели ви е полесно да отчукате:
Во бездната без дно, крај солзата на морето, во вишновите градини седи старец.
( експериментот ( мојот) успеа, ова е од ракав а и личи на македонска литература.)
Знаете за писмото на Бодлер ( чинам беше) кон сестра му. Немал време, зафатен бил и и напишал писмо од 5 страни. На крајот на писмото се извинил што напишал долго писмо затоа што НЕМАЛ ВРЕМЕ ДА НАПИШЕ ПИСМО од една страна.
Мислам дека е јасно.
За стиловите, де ве молам некој нека ми каже во кој правец се движат нашите писатели? Модерен реализам, нео романтизам , или фотелјечки академизам?
Секоја почит кон драмите ( оние трите знаете на кои мислам) кои можат добро да те раздрмаат , подлабоко да навлезат и во суштината на делото, или во битот на еден народ.
Долга тема , секојпат недовршена, но пред да го дадете својот суд за овој пост , направете споредба со развојот на литературата во другите земји.Ако дојдете до констатација дека еве и Албанија или Словачка ( секако и Бугарија) се тука некаде, не сакам тврдење дека ние сме паметен народ , америте се глупи, ние сме талентиран народ ама не можеме да се покажеме и слично...
ЗОКИ ПОКИ VS ОГ МАНДИНО
,,Убаво е да читаш.Иако јас немам прочитано книга од гимназија,,
,,Ако читаш книги ќе си го збогатиш речникот,,
,, Која книга ја прочита ова лето?,, Најморонското прашање што го прашуваше учителката на 1 септември.
Посебно ме иритираат оние фраери кои велеа ,, јас ја имам прочитано Зоки Поки,, - и потоа следи смеење од чурката што седи до типот демек курназот.Се гази од смеење ( затоа што дечкото и е идиот?).барем кај нас ( во едно гратче ,,недојдија,, го викам) ова е главна тема кога се зборува за литература.
,,Слушам техно, сега тоа е модерна музика,, - вели една подвижна реклама која патем ми е другар и сега носи и розово оти е тренд.
,, Да да на мода е ,, му одговарам ,, А кој поточно Кокс , Ван Дајк или Мајлс Дејвис( Џезер!!!)? ,, патем прашувам.
,, Сите тие ,,
Исто е и со филмовите.
,, Го гледаше Кодот? Глуп филм. ,,
,, Филмот е одличен , Хенкс одлично го глуми збунетиот Ленгдон, А Одри Тату е одамна звезда на Француската кинематографија.,, Одговарам згрозен од мојов коментар затоа што не знам шо е поглупо филмот или книгата.Ама мораше да им предочам дека мора да имаат свој суд не да ги слушаат рецензиите и коментарите.
,,Да да уствари и добар е ама така ... Не не Хенкс е цар. ,, Ништо од мојава мисија.Сега мислат дека филмот е ремек дело.
Во периодот на пубертетот криев дека читам книги.Овде тоа е клетва.Нема да можеш женска да завртиш ако те разберат.Одев во библиотеката рано околу 9 изутрина. Еднаш еден другар ме виде.Морав вечерта да го частам, даска да го направам да не ме заебава.
Пред некое време одам кај мојот бивш класен раководител.Да му ги вратам книгите од Тургењев. Седиме и муабетисуваме кога влегува една накинџурена и му вели на професорот.
,, Професоре може да ми препорачаш некоја книга? ,,
,, Да да што те интересира ? ,,
,, Па ако може некоја комедија? ,,
Deja vu.
Пред да тргнам на факултет ги броев деновите. Таму има интелектуалци , академски граѓани де( леле ама ме нервира овој збор).Сигурно во студентскиот дом има и голема библиотека.Рај. Кога одам ШТО? Пијанчење и КОЗЕЊЕ ( повраќање), журки .И чат пат Ог Мандино. Леле на саемот. Сите наеднаш читаат. Коелјо , Кинг и компанија.Оние пообразованите се мрчтат на комерцијалава.Ним им е тешко, поради невреднувањето на оригиналните писатели , на вистинската проза и поезија. Мене ми е супер.
Го нема Зоки Поки...
КУЛТУРЕН НОВИНАР
Тоа не ми беше муабетов ( инаку кој сака може да си ја прочита репортажата, за да не бидам и јас како фудбалските блогови ,,фотокопир,,).
Муабетов ми беше дека новинарот не мора да ја преведува репортажата од некој старнски весник туку еднаш ( молам бога) барем еднаш не само тој туку и сите други да почнат да се однесуваат како новинари и да пишуваат , да истражуваат нивни стории и да пишуваат нивни статии. Пред очите на цела јавност на саемот на книгата грубо беше измалипулирана јавноста од рекламно-издавачката ( така милувам да ја викам)Матица.
1 Книгата теорија на хаосот беше изрекламирана како најдобра книга на деценијата а неа ја нема во топ 20 ни во Њујорк тајмс, ни на Амазон ни во некои други релевантни фактори.
2.Книгата ,,Убавицата и мародерот,, од Божин Павловски ( секоја шест кон писателот) беше повод за една ноторна и доста глупава лага.Книгата демек ке била преведена на 40 јазици( дај боже). Најпродаваниот писател во САД Џон гришам е преведен на 29 јазици, Патриша Корнвел мајстор на медицинските трилери е преведена на 35 јазици. Мислам дека Ден Браун ја достигна оваа бројка но не сум сигурен. Имено ова го открива и самиот писател кога во интервјуто за еден Дневемн весник невешто го одбегнува одговорот и вели дека има договор да биде преведена на англиски и европски!?, преку 9 издавачи.
Е тоа драги мои новинари од културниот блок треба да го изтражувате.Или се нарекувате новинари од културата затоа што не ви даваат да пишувате за политика?
ЛЕБ И СОЛ
Второ по радио станиците никако да пуштат нешто друго освен ,,као какао,, и ,,учи ме мајко,, . Баш би сакал да ги слушнам :исток-запад,Трач,У сенци , Под водом, Ручни рад итн.
Па луѓево имаат издадено 12 АЛБУМИ.
Леб и сол (ПГП РТБ 1978.)
Леб и сол2 (ПГП РТБ 1978.)
Ручни рад (ПГП РТБ 1979.)
Бесконачно (ПГП РТБ 1981.)
Следовање (ПГП РТБ 1982.)
Акустична траума (ПГП РТБ 1982. двоен жив)
Калабалак (Југотон 1983.)
Тангента (Југотон 1984.)
Звучни зид (Југотон 1986.)
Као какао (Југотон 1987.)
Путујемо (Југотон 1989.)
Live in New York (Third Ear Music 1991.)
Anthology (Third Ear Music 1995. двојно ЦД)
Можат да напишат дека своевремено имаат 4 последователни преполни концерти во сава центар.И ај да не тупам за се што можа да се напиже бидејќи за нив може да се издаде книга , енциклопедија. П.С Знаете дека во 1978 година се избрани за најдобра група а во 1987 се добитници на три златни грамофони?( межу другите награди) Јас не знам
КНИЖЕВНО ЛУДИЛО
Ако некој длабого засегне во водите ( колку излитено ова звучи) на пишаната уметност притоа навлегува во еден друг паралелен универзум. Да да знам дека има мала доза на патетика и ненаучно дрвење во овој пост но би требало да ме разберете. За отварањето на портата на литерарниот универзум секако е предуслов притоа внимателно насочување на потенцијалниот читател во неговиот омилен жанр.Внимателно од проста причина што по подолго време ( секако доколку длабоко ја загриза книжевната јадица) оние со комплекс на невредност и слични психолошки недефинирани личности почнуваат да се губат и да се поистоветуваат со ликовите. Тоа додуша кај нас фала Богу не се случило но го има во светот. Исто така овој парадокс е присутен и во филмскиот свет, каде што na primer под влијание на STAR WORS неколку лица се хоспитализирани во душевна блоница мислејќи дека се џедаи. Истото се случувало и со Толкиновите дела и сл...
Инаку сакав да резимирам дека Македонија во ова книжевно сивило ке може да воздивне барем од овие проблеми , а и очигледно е зошто. Освен можеби јас кој што почнав да се поистоветувам со Дон Кихот а дечкото кој што работи во ова интернет кафе ( моментално дреме на столот) и го чека единствениот муштерија да си отиде е мојот Санчо Панса.
И по предлог на некои блогери а и за да се развие дебата на овој пост би додал и уште некои зборови :
Педер сум
Лезбијка сум
Дрогираш сум
Психопат сум
Повелете:
ИМЕТО НА РОЗАТА
НЕЧОВЕЧНОСТ
Деновиве атрактивно најавено беше промовирана книгата ,,операција Амблер,, од според мене најдобриот писател на политички трилери Роберт Ладлам. Покрај вообичаените елементи ( катастрофа хартија , превод можеби не најлош но во конкуренција на најлошо преведени до сега) направена е една нечовечка грешка , бескрајно лицемерие во потрагата по шушки. Книгата се рекламира како ,,најновиот хи на Роберт Ладлам ,, човекот што е ПОКОЕН веќе 5 години. Без ни малку почит, а надевајќи се на звушноста на неговото име , книгоиздателството ,,Матица,, граби кон врвот во стил на бескрупулозните Њујоршки адвокатски куќи.( оние што одат по погреби нудејќи им милиони на ужалените ако тужат.) Ако тоа е комерцијализација на книгата и нејзина реклама ќе го цитирам ЈАНКО:
THANK YOU AND FUCK YOU
ЗА САЕМОТ
НАЈДОБРИТЕ ДЕЛА НА ДОСТОЕВСКИ
ПО ЦЕНА ОД 100 И 200 ДЕНАРИ
( на штандот на Табернакул хала 3)
ПРВИОД ПРЕВЕДЕН РОМАН НА СТИВЕН КИНГ
,,МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН,, ЦЕНА 450 ДЕНАРИ
( на штандот на макавеј хала 4)
Исто така мора да предупредам на големите разлики во цените.Трилерите на Ники Френч на еден штанд се по 700 додека на друг по 290 денари. Исто и за изданијата на МЕГАХИТ од белдрад( Гришам,Ладлам) на едно место по 700-800 а на штандот на ТРИ по цени од 200-300 денари
И за крај НАЈПРИЈАТНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ
На Штандот на англискиот центар на крајот на хала 4 најдобрите светски дела како
- Дракула
- Рудниците на соломон
- Последниот мохиканец
- Романите на Артур Конан Дојл за Шерлок Холмс и уште стотина други наслови
ЗА ПОЧЕТНИЦИ
KOJ E КРИВ
-->