среда, септември 05, 2007

Проверувајќи ги web-содржините во најновата ,,Маргина 76,, наидов на интересно откритие, писателот Едуард Лимонов. Патем ве поканувам да прочитате еден расказ -Тихиот Океан, Pacific Grows кој е ставен на страната на темплумци. Не сум сигурен за останатото негово прозаистичко творештво но судејќи според расказот кој е презентиран тој е интересна книжевна појава или во превод - обожавам циници.

За неговото животно дело се сврзуваат интерсени провокативни и контроверзни мигови но тоа е нешто што многуѕ малку ме интересира освен можеби изјавата на Солженицин кој го нарекува ,, мал инсект кој пишува порнографија,, а овој (Лимонов) со контра реплика во стилот на нашите парламентарци му враќа дека е предавник на неговата земја. Да. Се пердашеле без процедурално.


А потоа откритието кое го пронајдов и ме израдува. Следното издание од едицијата Магма ќе биде токму Лимовов( Жени, вода) и верувам дека ќе биде дополнителен и освежувачки придонес кон засилената авангардната, постмодерна книжевна сцена која ја поставува Темплум кај нас во последните неколку години. ( Колку и тоа бајато и подлизувачки да звучи)