четврток, јануари 25, 2007

Кој го дрпна Џемс џојс?

За почеток сакам да цитирам двајца блогери кои го наговестуваат и мојот став и она што сакам да го напишам.
Прво тоа е Мечето ушко кој во својот пост за Итало Калвино вели

Во продолжение ќе Ви преставам еден од моите фаворити, пистели кои со задоволство сакам и уживам да го читам. Овој пост воедном е и мојот јавен протест за шундот од книги кои се преведува и се пласира на нашиот книжевен пазар како бест селер. Погледнете ја само палетата на преведени книги од Матица кои деновиве се нудат на распродажба. Шунд книги која од која. Значи ако сакате стварно да читате читајте го Мечето Ушко и следете го.

Веднаш потоа со сличен ( веќе познат став ) излезе и Букарски кој во својот пост со сосема друга тематика вели:

п.с. иако, кога гледав како во “Матица“ сите се грабаат за шунд-бестселерите од типот “темплари, масони, циашки дневничиња и исповеди на руски ороспивчиња“ не се зажелив толку и мене да ме купуваат. да бидам појасен, не би се радувал кога “Падобранот..“ би станал таков бестселер, не сакам секоја будала да може да ја чита мојата книга.не, тоа никако. но, барем да ја има, да постои на рафтот, за одбраната читателска публика да може да допре до неа. „

Иако мојот став не е толку ригиден, се водам од максимата - со оглед на тоа каде живееме подобро е луѓето да читаат било што одколку ништо - сепак морам да го изразам моето незадоволство.Како прво, покрај овие јајце на јајце исти бестселери, треба да вложи напор кон промоција на вистинската литература.Било современа било класична. Веќе пишував за Пруст.Го чекаме Уелбек. Ќе пишувам и понатаму.
Второ па макар и бестселерите, кои чинат по 10-12 евра ( толку се и во САД зирнете низ мрежата) сега се намалена на пристапна и нормална цена од 150-200-250 денари и тоа се најавува како невидено намалени, дрн дрн и ,,тако дање,,.Пази наслови,
Но од оваа кампања може и нешто да се научи, а тоа е дека во ова постмодерно време во овој свет на глобализацијата, рекламата и маркетингот го вртат светот, ги продаваат продуктите, и треба да се оттргнеме од мислењето дека ,,комерцијалата е кичерај„.
Што Енди Ворхол и неговата фабрика се кичерај?
Вуди Ален е кичерај?
Нора Џонс е кичерај?

А најинтересно беше што пред влезот на матица има една корпа, канта во која се нафрлани книги и пишува СЕ ПО 50 ДЕНАРИ. Сите ја одминуваат, никој не ни погледнува кон неа.Ај си велам да зирнам што има внатре.Претам преку досадните поетски изданија и гледам ,,ДАБЛИНЦИ„ од Џемс Џојс , понатаму ,,ПОРТНОЕВАТА БОЛКА„ од Филип Рот. Се по 50 а? Иронијатата е чудна работа.
Се враќам со автобус, до мене и пред мене три пријателки седат и разговараат.
- Нема зошто да ја копираш, ќе ти ја дадам за две недели.- ја разгледува, не можев да го зирнам насловот, нешто за уредување на животот ли, на домот ли, некаков советник кон животот.
- Ова е прекрасно, едноставно прекрасно. - коментира пријателката што седеше до мене.Се свртува таа пред нас ме гледа мене, јас пак во рацете го имав ,,Двојник„ од Достоевски, баш го разлистував. Ме погледна како лепрозен. Добро е си велам и да имаме омраза нека е литературна барем да не е верска, или етничка.
Ќе завршам со еден коментар. Шетаме со еден драг пријател по саемот, секаде изложени книги, со ,,интересни содржини„ ( ќе најдат, нели, древно писмо, со кодови, моќна организација ги трчка тие бегаат и на крај го спасуваат светот од страшната вистина). Едно време по повеќе минутно вртење-сукање вели:
- КАЈ СЕ КНИГИТЕ ДА ГО ЕБАМ?

понеделник, јануари 22, 2007

Јас и Пруст


Нема обичај да презентирам писатели или нивните дела, да давам критика или да ги анализирам.Всушност, често посетувам една блогерка кој одлично ја врши оваа работа, нејзините постови се професионални но не и досадни, на анализата и дава дух Мене, мислам дека не ми лежи оваа работа , а и сум во некој меѓупериод во кој мојата перцепција за нештата константно се менува, како и погледите кон одредени појави, култури и случувања. Еве од воведот се гледа дека кога сакам да напишам нешто вакво се сплеткувам како бруцош на забава во СТИВ.
Деновиве го читам Пруст, биографија за него нема да презентирам, може да зирнете овде или поразбирливо овде. Долго време се канев да почнам со него, мислам со читање. Да објаснам подобро, во одредени периоди читам одредени врста на литература, со нив можам да заглавам и по неколку месеци пред да се префрлам на друга .Сега почнав да се занимавам со класиката и налетав на него. Навистина ме импресионира, сеуште не знам дали ми се допадна но јасно ми е во каква тешкотија се наоѓал Проф.Марјановиќ кој ја заслужува мојата благодарност поради неговата просветителска мисија и ја сваќам комплексноста на која порано алаудираше во неговите колумни.( последната реченица беше во прустовски стил). А на крајот на книгата како благодарност еден наш академик има некаков поговор како израз на благодарност кон Професорот Марјанович, и исто така, нормално за македонската интелектуална фела се потрудил истото да биде што понеразбирливо за повеќето од читателите со што континуирано ја продолжуваат нивната долгогодишна практика да го одвратат читателот од книгата. Не намерно но едноставно така е.
Но да продолжам. Ме изненади начинот на кој ја опишува аристократијата и високиот слој.Не развратно , или поддржувачки пристојно, едноставно подруго. Кој го читал ќе ме разбере, Пруст вреди за својата репутација, и не апелирам( оти ќе изгледам како кретен) но би сакал да ги видам и другите негови дела преведени на македонски јазик.
П.С Без слични поговори секако.

среда, јануари 17, 2007

Зимски Рапорт

Ме нема , ме нема па ќе се изгубам. Не сум присутен , поточно активен во последно време овде и за тоа има неколку причини. Апстинирам од цигари и алкохол( инспирација) , но токму поради тоа имав намера и ја спроведувам како мал експеримент. Дали подалеку од гласните кафеани и невозможно пресиленото славење во турбо атмосфера, може во мир и совршена хармонија да се почувствува духот на празниците, односно божиќно расположение. И да одговорам на ова долго и во прустовсаки манир поставено прашање.
ДА МОЖЕ!!!
Притоа не мислам да ве одвраќам од кафеаните и славите, млади сме и треба да го вкусиме тоа, но некако кај мене барем сега ( дали од презаситеност мој Дуле си велам понекогаш) преовлада другата варијанта.Топол оган, книга, компјутер, ретко и вино, топли напитоци, џез и класика. Уште снег недостигаше. Идила, најдобро помината зима до сега. Одморен и свеж со бистри мисли пред две недели започнав да го пишувам и мојот роман( имам напишано и еден претходно но сега е само репер за тоа колку може да напредне за кратко време, ако ме разбирате). Интересно е романескното посветување на некоја приказна, истражувањата и проучувањата, човек се чувствува жив и целосно ослободен ( од вести , политика, вртелешка и боки 113-ка).Па може дури и блогерајот сосе пропратните антибугари и бугари да ги ставам во ист кош без навреда секако, каде и јас припаѓам. Има некои работи кои ги испуштив во мојов привремен егзил и за кои жалам.Како на пример промоцијата на првенчето на Букарски во ,,Точка,, се надевам нема да ја пропуштам наредната. Забавата на блогерајот , не дека сум којзнае колку по журките, сакав онака шпионски да ги зирнам некои кои ме ,,глочкаат„. Но овде е убаво и снцето силно угревјат ...па дури и жалам што наскоро морам пак во Скопјето, пак студии, професори трнци,мрнци...
За крај имам една интересна новост, а тоа е жанровскиот конкурс на електорлит .
Баш ме интересира креативноста на младите писатели и имагинацијата.Јас пробав за првпат да напишам еротски расказ и беше забавно.За трилерот, има време до крајот на февруари, и треба повеќе време и смисленост. Сакав да кажам дека момците од темплум имаат фантастични идеи со кои го размрдуваат подзаспаното младешко движење ( ако може да се нарече така) и баш ми е жал што ќе ја пропуштам проекцијата на документарниот филм за Буковски. Јаз'к.
Еротскиот расказ на другиот блог односно овде